22.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Петрушевски обвини дека Заев и Филипче се поврзани со случаи на заплена на марихуана

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски изнесе обвинувања дека поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче биле поврзани со, како што рече, повеќе случаи на сомнежи за криминал поврзан со производство и трговија со марихуана.

Петрушевски изјави дека, според неговата партија, имињата на Заев и Филипче се појавуваат во повеќе случаи во кои постојат сомнежи за незаконски активности, тврдејќи дека лица блиски до нив биле приведени во неодамнешни полициски акции.

Тој наведе дека Заев не ја кажувал вистината во јавните настапи во врска со неговиот имот во странство, додавајќи дека постојат јавни информации оти и Заев и Филипче поседуваат т.н. златна виза. Петрушевски постави прашање врз која основа, како што рече, Заев ја добил таа виза.

Пратеникот изјави дека, според ВМРО-ДПМНЕ, владата предводена од Заев била носител на политиките со кои бил воспоставен бизнисот со медицинска марихуана во земјата. Тој тврдеше дека околу 70% од запленетата дрога ѝ припаѓала на фирма поврзана со лица блиски до СДСМ, додавајќи дека во струмичкиот регион биле запленети околу 30 тони марихуана.

Како што наведе Петрушевски, станува збор за фирмата „ЦБД Медплант“, за која рече дека е поврзана со Тони Котев, поранешен претседател на општинската организација на СДСМ во Ново Село, додека формален сопственик бил неговиот син Христијан Котев. Според неговите тврдења, Котев имал и бизнис-релации со Вице Заев.

Петрушевски изјави дека, според документи со кои, како што рече, располага ВМРО-ДПМНЕ, фирмата во 2025 година, во период пократок од шест месеци, испорачала 19 тони марихуана до фабрика во Скопје, по што следела полициска акција. Тој додаде дека дозволата за работа фирмата ја добила во 2020 година, во период кога Заев бил премиер, а Филипче министер за здравство.

Од ВМРО-ДПМНЕ повикаа Јавното обвинителство да ја испита поврзаноста на Заев и Филипче со фирмата во која била запленета марихуаната, како и наводите дека Заев контактирал со државни институции во врска со случајот со пет тони марихуана запленети во Србија.

 

Related posts

Синдикатот ССМ ја обвинува Владата за поткопување на преговорите за плати

admin

ДУИ и ВЛЕН во судир поради именувањето на Богојески за директор на Агенцијата за европски образовни фондови

admin

Мицкоски поднесе законски измени за трансформација на Владата

admin

Косово пред сериозни предизвици по изборите на 9 февруари

admin

КатарЕнерџи прогласи „виша сила“, прекинати испораките на течен природен гас

admin

Бранко Чечен: Нема враќање назад – само избори можат да ја спасат Србија од крвопролевање

admin