10.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Двајца професионални војници заболеле од шуга, Министерството за одбрана негира ширење во касарната

Министерството за одбрана информира дека неодамнешниот случај на двајца професионални војници заболени од инфективната болест шуга (scabies) не потекнува од касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, спротивно на шпекулациите во јавноста.

Од Министерството нагласуваат дека болеста се пренесува само преку директен контакт со заразено лице или преку заеднички користена постелнина, пешкири и слично. Пред приемот на новите професионални војници, просториите биле целосно дезинфицирани и снабдени со чисти и испрани постелнини и ќебиња.

“Одделението за превентивна заштита од Воено-медицинскиот центар изврши епидемиолошки надзор, а сите војници кои биле во контакт со заразените се упатени на превентивен преглед. Досега се регистрирани четири случаи, на кои им е дадена соодветна медицинска терапија”, велат од Министерството.

Синдикатот на професионални војници алармираше дека во касарната има лоши услови за живот и работа, со влага, старо постелнино и руинирани тоалети, што според нив придонело до појава на заболувањето. Министерството тврди дека состојбата се следи и дека се преземаат мерки согласно насоките на епидемиолог.

“Министерството апелира случајот да не се злоупотребува за манипулирање на јавноста и нагласува дека вакви инциденти не се регистрирани во другите центри за обука на Армијата”, се додава во соопштението.

Related posts

ОД 94 ОБВИНЕТИ ОД СЈО, ЗАД РЕШЕТКИ СЕ МИЈАЛКОВ, ЈАНКУЛОСКА И ТАЛЕСКИ

ninja

Ново предупредување: Лековите за слабеење може да предизвикаат суицидални мисли

admin

Бајден: Нетанјаху мора да се промени, Израел ја губи глобалната поддршка

admin

Европа не може секогаш да смета на САД: Британија предупредува на „најлошиот сценарио“

admin

АМЕРИКА ПОДГОТВУВА ИСТОРИСКА ОДЛУКА: До 200.000 странци може да останат без визи

admin

Да се укинат патните трошоци за пратениците – Ветување коешто „најлесно“ се заборава

admin