36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Камерите се активни: колку казни се изречени

Двајца возачи во Северна Македонија имаат по 40 изречени забрани за управување моторно возило, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, презентирајќи ги првичните резултати од примената на системот за видео-надзор „Безбеден град“.

Тошковски рече дека на вториот ден од официјалното функционирање на системот биле регистрирани околу 500 сообраќајни прекршоци, бројка која, според него, е слична на онаа забележана и во неделата.

„До 20 часот имаме 508 прекршоци на ниво на Скопје, Куманово, Тетово и на коридорите 8 и 10. Од нив, 454 се за пребрзо возење, 42 за минување на црвено светло, а 12 се за управување нерегистрирани возила“, изјави Тошковски во телевизиско гостување.

Министерот оцени дека бројот на казни е релативно низок и изрази очекување дека тој ќе остане на слично ниво и во текот на целиот 24-часовен период.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во последните четири години 55.405 граѓани добиле по една забрана за управување, што, како што рече Тошковски, се однесува на возачи кај кои прекршокот може да се случи инцидентно.

Со две забрани се 7.987 возачи, додека 1.863 лица имаат по три правосилни пресуди за забрана за управување возило. Дополнително, 677 лица имаат по четири забрани, а 291 лице по пет, додека, како што нагласи министерот, „рекордери се двајца возачи со по 40 изречени забрани“.

„Со овој паметен систем возачите повеќе нема да можат да возат како досега“, изјави Тошковски, додавајќи дека ефектите од засилената контрола веќе се видливи.

Според МВР, на територијата на СВР Скопје во последните два месеци е забележан значителен пад на сообраќајните незгоди со тешки последици.

„Бројот на повредени лица е намален од 424 на 288, што претставува пад од 32 проценти, додека бројот на загинати е намален од 11 на четири, односно за 64 проценти“, рече Тошковски.

Системот „Безбеден град“ официјално започна со работа на 1 февруари на територијата на Скопје, Куманово и Тетово, како и на коридорите 8 и 10. Преку камерите се детектираат четири типични сообраќајни прекршоци: непрописно паркирање, пребрзо возење, минување на црвено светло и управување возило со истечена сообраќајна дозвола.

Related posts

Седум активни пожари низ Македонија, странска помош пристигнува во Берово

admin

Од зборови на ѕидот до резултати на терен: Како вредностите да станат двигатели на перформансите

admin

Таравари: За брзо време ќе видиме кам-бек на Артан Груби

admin

Судирот меѓу Израел и Хамас го зголеми ризикот по безбедноста во Македонија

admin

ВИДЕО Маричиќ: Важно е да се продолжи со отворен и искрен дијалогот, нема веќе причина за неуспех на уставните измени

admin

Ако ми го чепкате Вулин, отидовме во БРИКС!

admin