0.8 C
Скопје
29 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоска учествува на самит во Вашингтон организиран од Меланија Трамп

Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, учествува на дводневен глобален самит во Вашингтон, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, соопшти владата во средата.

На настанот, насловен „Fostering the Future Together Global Coalition“, присуствуваат претставници од околу 45 земји и повеќе од 20 големи технолошки компании.

Самитот има за цел да ја зајакне глобалната соработка за заштита и едукација на децата во дигиталната ера.

Мицкоска се обрати на сесија посветена на онлајн безбедноста, каде ги презентираше искуствата од Северна Македонија во областа на дигиталната писменост.

„Нашата цел е младите не само да ја користат технологијата, туку и критички да размислуваат за неа,“ изјави таа, додавајќи дека 341 основно училиште во земјата се вклучени во програми за образование прилагодено на 21-от век.

Настанот собира први дами, владини претставници и лидери од приватниот сектор, со фокус на партнерства меѓу државите и технолошките компании за справување со предизвиците од дигиталната трансформација.

Related posts

ДУИ бара итна истрага за директорот на МЕПСО поради штета од 6 милиони евра

admin

Заигра метлата на Рама, разрешување на министри и избор на нова спикерка на Собранието

admin

Маричиќ: Уставните измени се влог за нашето членство во ЕУ

admin

Мицкоски: Доколку Никола Груевски се појави во Македонија, ќе оди во затвор

admin

Моди во Кина: тарифите на Трамп ги туркаат Индија и Кина кон деловно рестартирање

admin

Ненад Чанак за КДП: Србија оди кон институционален и морален колапс

admin