Во иста вечер, премиерите на Албанија и на Северна Македонија, Еди Рама и Христијан Мицкоски, организираа посебни ифтари, собирајќи политички и јавни личности во одделни, но паралелни настани.
Во Палатата на конгресите во Тирана, Рама заедно со сопругата Линда Рама прими десетици гости, меѓу кои и македонскиот министер Фатмир Лимани, кој бил седнат на иста маса со и претставници ДУИ, лидерот Али Ахмети и потпретседателот Бујар Османи. На истата маса бил и лидерот на АзА, Арбен Таравари.

Во говорот, Рама ја потенцираше важноста на меѓурелигиското почитување, солидарноста и единството:
„Месецот Рамазан не учи на трпение и единство, без разлика на верата, професијата или потеклото. Денеска, луѓе од различни верски заедници седнаа заедно, ги надминаа разликите и го покажаа меѓусебниот респект“, рече Рама. Тој нагласи дека ифтарите треба да бидат духовен момент, а не политички инструмент.
Истовремено, во Скопје, Мицкоски организираше ифтар за владините партнери од партијата ВЛЕН и други македонски државни функционери. Во објава на Фејсбук, Мицкоски го опиша настанот како „момент на единство, почит и духовна поврзаност“, нагласувајќи дека различностите се сила, а меѓусебната поддршка води кон посилно и поздраво општество.
Во ифтариот на Мицкоски во Скопје учесниците дискутираа за развивање пријателски односи и значењето на меѓусебното почитување како темел на општеството, додаде Мицкоски, честитајќи го месецот Рамазан на сите верници.

