18.6 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

СДСМ: Растат цените на храната, платите стагнираат

Опозициската СДСМ соопшти дека цените на храната и горивата растат, додека платите остануваат непроменети, обвинувајќи ја владата за неефикасни економски мерки.

Од партијата велат дека намалувањето на ДДВ од 18% на 10% не дало резултати, и покрај претходните предупредувања упатени до владата и премиерот Христијан Мицкоски.

Според СДСМ, цената на дизелот достигнала околу 95,5 денари за литар, додека основните прехранбени производи бележат раст.

„Сè е поскапо – маслото за јадење над 100 денари, јајцата над 300 денари, овошјето и зеленчукот над 100 денари за килограм, а растат и цените на месото,“ се вели во соопштението.

Партијата оцени дека животниот стандард се влошува и дека ниту плата од 600 евра не е доволна за покривање на месечните трошоци.

СДСМ предложи пакет мерки, вклучувајќи намалување на ДДВ за горивата на 5%, намалување на акцизите и укинување на ДДВ за основните прехранбени производи.

Related posts

Поплавите во Херцеговина однесоа најмалку 14 жртви

admin

Хил предупреди дека Приштина ќе ги сноси последиците

admin

Македонија чека одговор од Бугарија за заедничка резолуција во ЕП

admin

Коридорите како игра на брзи политички прсти

admin

Таравари вели дека нема да биде дел од „Европски фронт“, ниту од Владата – Касами реагира

admin

Премиерот од Разловечкото востание: Борбата за Македонија продолжува

admin