33.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Алиу ја исправи 13-годишната неправда: 109 работници конечно добиваат здравствено осигурување

Вкупно 109 вработени во јавното комунално претпријатие во Гостивар ќе добијат здравствено осигурување по повеќе од една деценија, откако институциите најавија решение за долгогодишниот проблем поврзан со стар долг.

Министерот за здравство Азир Алиу и директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски изјавија дека проблемот, кој потекнува од период пред 2013 година, ќе биде решен преку спогодба за отплата на долгот на рати.

„Станува збор за корекција на долгогодишна системска неправда. Овие вработени не по своја вина останале без здравствено осигурување, туку поради институционално игнорирање и нерешени административни процедури“, изјави Алиу.

Тој додаде дека со одлуката на Фондот се става крај на состојба која „не смеела да постои толку долго“, нагласувајќи дека не станува збор за привилегија, туку за основно право.

Клековски оцени дека случајот претставува „парадокс“, бидејќи придонесите за здравствено осигурување биле редовно уплаќани, но поради стар долг вработените не можеле да ги користат правата.

Министерот истакна дека работниците не смеат да бидат санкционирани поради пасивноста на институциите.

„Никој што секојдневно работи и му служи на својот град не треба да остане без здравствена сигурност поради нечија неодговорност“, рече Алиу.

Институциите најавија дека проблемот ќе биде решен во наредниот период, со што вработените ќе можат да го користат здравственото осигурување.

Во меѓувреме, тие најавија дека ќе го разгледаат и случајот со вработени во комуналното претпријатие во Тетово, кои, според медиумски извештаи, се соочуваат со сличен проблем.

 

Related posts

Таравари без средба со Мицкоски, владата очекува оставки од министрите на Алијанса

admin

СТАТИСТИКА: Многу мал број на обвинети докажуваат дека се невини

admin

Курти во Скопје со Меџити и Касами: ВЛЕН најавува „плодна соработка“

admin

Пукање пред Белата куќа: Тајната служба ликвидираше вооружен маж

admin

СОБРАНИЕТО ГО УКИНА ПРОГРЕСИВНИОТ ДАНОК ПРЕД ДА СТАПИ НА СИЛА

ninja

Води ли сметка државата за нашинците? Од 20.500 иселеници заинтересирани за гласање во 2011-та, тој број падна на 2.571

admin