33.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Златен меч, монети и сувенири во државна сопственост

Државната комисија за спречување на корупцијата објави јавна евиденција на подароци што ги пријавиле функционери и вработени во јавниот сектор, меѓу кои се сувенири, украсни предмети, монети, книги, вино и техничка опрема.

Според податоците, подароци во државна сопственост пријавиле главниот државен ревизор Максим Ацевски и претседателот на Собранието Африм Гаши, додека во посебна категорија се евидентирани и подароци пријавени од вработени во јавната администрација.

Ацевски пријавил повеќе сувенири, меѓу кои рамка со народна носија, украсна паричка, украсен брод, декоративен коњ, босански кралски дукат, керамички сувенир, стаклена вазна, украсен пешкир и украсна чинија.

Гаши пријавил сувенир објект на Совет Шура, златен меч во рамка, бисер поставен во златна школка, рачно цртана порцеланска вазна, скулптура „глава на коњ“, како и златна и сребрена монета.

Во категоријата подароци од јавната администрација се пријавени 12 ставки. Меѓу нив се вино, тефтер, подлога за маус, книга, три клима уреди и украсен предмет.

ДКСК од минатата година ја презеде обврската да води евиденција за подароци, погодности и гостопримства што ги добиваат јавни лица и службеници.

Пријавувањето засега е доброволно, бидејќи законски сè уште не е воведена задолжителна обврска, ниту санкции за непријавување.

Антикорупциската комисија предупредува дека подароците и другите погодности можат да создадат реален, потенцијален или привиден судир на интереси, особено ако се користат како средство за влијание врз службено лице.

Според законските измени од 2025 година, функционерите и јавните службеници можат да примаат протоколарни подароци до вредност од 50 евра, без тоа да се смета за мито.

Related posts

Блокади на улици за државни функционери: балканска практика или европска норма?

admin

Има ли листа на бугарски државјани на кои им е забранет влез?

admin

Зеленски бара повеќе авиони да се борат против руските воздушни напади

ninja

Собранието по втор пат одби електронски алки за насилниците

admin

Води ли сметка државата за нашинците? Од 20.500 иселеници заинтересирани за гласање во 2011-та, тој број падна на 2.571

admin

Спасовски: Пукањето во Ист Гејт е криминална пресметка

admin