10.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Македонија и САД со нов стратешки дијалог во Вашингтон, фокус на безбедноста, економијата и енергетиката

Владината делегација на Северна Македонија, предводена од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, учествува на втората сесија од Стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави во Вашингтон, со фокус на одбраната, сајбер-безбедноста, енергетиката и економската соработка.

Од Министерството за надворешни работи соопштија дека дијалогот претставува клучна платформа за продлабочување на билатералните односи и зајакнување на партнерството меѓу двете земји, како и потврда за заедничката посветеност кон регионалната стабилност и безбедност.

„Втората сесија на Стратешкиот дијалог претставува потврда за заедничката определба за унапредување на мирот, безбедноста и просперитетот, како и за натамошно зајакнување на трансатлантските врски“, изјави Муцунски.

Според него, форматот опфаќа широк спектар на теми, вклучувајќи глобални безбедносни прашања, гранична безбедност, технолошка соработка и економски развој.

Ова е втора сесија од дијалогот по пауза од четири години, на која учествува висока владина делегација во која се вклучени министри задолжени за внатрешни работи, одбрана, енергетика и дигитална трансформација.

Од македонска страна се оценува дека дијалогот ја реафирмира улогата на земјата како кредибилен сојузник на САД и партнер посветен на заедничките вредности и стабилноста на регионот.

Американската делегација е предводена од заменик-државниот секретар Кристофер Лендау, а се очекува разговорите да опфатат и прашања поврзани со визната политика, што претставува приоритет за Скопје.

Муцунски изјави дека од дијалогот се очекуваат конкретни резултати, како во делот на безбедносната и политичката соработка, така и во економските и енергетските проекти, за кои детали ќе бидат објавени по завршувањето на средбите.

Related posts

Пронајдени отпадоци од авион Ф-35 во Јужна Каролина откако пилотот се катапултирал

admin

„Кога мажот станува жена“ го преполни јавниот простор со поделби, говор на омраза и манипулација

admin

Една изборна единица: демократија поблиску до граѓаните, но со политички ризици

admin

Пендаровски ја советува Владата да не брза со уставните измени

ninja

Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка бараат ограничен увоз од Украна

admin

Зошто паѓа наплатата на ДДВ во време на раст на цените? Беџети: Такви осцилации се можни

admin