29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Универзитетот и бизнисот на едно место – нови можности за студентите

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) денеска го одржа Саемот за кариера 2026, настан насочен кон поврзување на студентите со пазарот на трудот и создавање можности за професионален развој.

Саемот беше организиран од Центарот за кариера, а го отвори ректорот Садудин Ибраими, кој ја истакна стратешката важност на ваквите иницијативи за студентите и за институцијата.

„Овој саем претставува платформа што ги поврзува студентите со реалните можности на пазарот на трудот. Во годината кога одбележуваме 25 години од основањето на Универзитетот, овој настан има посебно значење како потврда на нашата посветеност за поврзување на знаењето со практиката“, изјави Ибраими.

Раководителката на Центарот за кариера, Лумтурије Мемеди Синани, им се заблагодари на компаниите учеснички за нивната континуирана поддршка и соработка со Универзитетот.

За време на саемот, студентите имаа можност да присуствуваат на презентации, да ги посетат штандовите на компаниите и да воспостават директни контакти со потенцијални работодавачи.

Во рамки на настанот беше одржана и информативна сесија „Cracking the Job Market“, реализирана во соработка со алијансата ChallengeEU, на која претставници од компании споделија практични совети за влез на пазарот на труд.

На крајот од настанот, на компаниите учеснички им беа доделени сертификати за благодарност за нивниот придонес во поддршката на младите професионалци.

Саемот за кариера на УЈИЕ продолжува да служи како платформа за зајакнување на соработката меѓу академијата и бизнис секторот, со цел подобра подготовка на студентите за современите предизвици на пазарот на трудот.

Related posts

Порака на САД до Курти или откажување од Косово

admin

Ахмети ја “исчисти” ДУИ: Десетици влијателни функционери останаа без позиции

admin

Савески: Одлуката за одземање на овластувањата на Ристоска не е персонална

admin

ВМРО-ДПМНЕ тврди: СДСМ соработува со луѓе што шират бугарска пропаганда

admin

АзА на Таравари бара промена на текст: Нов спор околу 2001

admin

Минчев: Со новиот закон се укинуваат доживотните функции, мерит-системот станува правило

admin