10.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Сиљановска-Давкова: Да го браниме јазикот од негирања

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова повика на зајакната заштита и унапредување на македонскиот јазик, предупредувајќи дека неговото негирање претставува закана за идентитетот, по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик.

„Денес, повеќе од кога било, наша обврска е да го чуваме, негуваме и унапредуваме македонскиот јазик. Да го чуваме и браниме од негирања, оти без него не сме тие што сме ниту ќе останеме свои“, порача претседателката во честитка до граѓаните.

Таа истакна дека правилната и достоинствена употреба на јазикот, како и доследната примена на Законот за употреба на македонскиот јазик, се клучни за функционирањето на демократската држава.

Според неа, македонскиот јазик претставува темел на националниот идентитет и самобитност, како и сведоштво за историскиот континуитет и културното наследство.

„Тој е огледало на генерации Македонци низ вековите, преку него се изразува народниот дух, а со неговото опстојување се потврдува нашето постоење“, се наведува во пораката.

Претседателката додаде дека јазикот е средство за изразување љубов, идеи и создавање уметнички и научни дела, оценувајќи го како носител на трајни вредности.

 

Related posts

Мицкоски со владина делегација заминува во Давос на Светскиот економски форум

admin

Демохристијаните победија во Германија, но коалициските преговори се неизвесни

admin

СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да ги достави до Антикорупциска информациите за сокриен имот на функционери

ninja

Тајниот безбедносен инвестициски фонд на Британија излегува од сенка

admin

По победата на Маѓар ЕУ очекува промена на курсот на Унгарија

admin

Драматични снимки од Скопје: Запалени автомобили на бугарската амбасада

admin