27.9 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Зелената агенда во сенка на одбраната и бизнисот во ЕУ

Новата структура на Европската комисија под водство на Урсула фон дер Лајен создава тешкотии за зелените и организациите за еднаквост, кои тврдат дека поделбата на ресорите и централизацијата на одлучувањето им го отежнуваат пристапот до институцијата.

Според „Политико“, претставници на граѓански организации велат дека повеќе ресори сега се поделени меѓу различни еврокомесари, поради што е нејасно кој е вистинската адреса за влијание врз законодавството.

Критиките доаѓаат во период кога Комисијата, во вториот мандат на фон дер Лајен, го поместува фокусот од Зелената агенда кон конкурентност, индустрија и одбрана.

„Понекогаш не е јасно кои генерални директорати се вклучени, што создава предизвици во разбирањето каде се водат дискусиите“, изјави Свен Хармелинг од климатската организација CAN Europe.

Лобисти велат дека одлучувањето во Комисијата станало повеќе централизирано околу кабинетот на фон дер Лајен и нејзиниот најтесен тим.

Според нив, тоа им користи на индустриските претставници, кои имаат појасен пристап до комесарите задолжени за економија, пазар и конкурентност.

Еден претставник од тимот на еврокомесарот за внатрешен пазар Стефан Сежурне изјави дека е „самообјасниво“ комесарот задолжен за индустрија првенствено да се среќава со претставници на индустријата.

Активистите за клима велат дека во првиот мандат на фон дер Лајен било појасно кому треба да се обратат, бидејќи Франс Тимерманс беше главниот архитект на Европскиот зелен договор.

Сега неговата наследничка Тереса Рибера, како извршна потпретседателка, истовремено е задолжена и за конкуренциска политика, што, според критичарите, ја прави зелената агенда помалку видлива.

Организациите за еднаквост исто така изразуваат незадоволство од ресорот на комесарката Хаџа Лахбиб, која е задолжена и за подготвеност и за еднаквост.

„Комисијата целосно ја намали важноста на еднаквоста. Таа стана второкласна цел“, изјави Алехандро Моледо од Европскиот форум за попреченост.

Од Комисијата, според „Политико“, посочуваат дека Лахбиб има широк ресор, но нејзината посветеност на еднаквоста е „јасна и постојана“.

Критичарите предупредуваат дека новата поставеност на Комисијата ја одразува пошироката политичка промена во Европа, каде што безбедноста, одбраната и економската конкурентност сè повеќе ја потиснуваат климатската и социјалната агенда.

Related posts

Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025 започна во Скопје, регионот се насочува кон дигитално интегрирана иднина

admin

Путин отворен за примирје со Украина, но без големи територијални отстапки

admin

ДУИ: балансерот ги вклучуваше, ВЛЕН ги исклучува Албанците

admin

„Историски ден“ – што носи посетата од Швајцарија?

admin

СДСМ најавува кривична пријава против ВМРО-ДПМНЕ поради морбидна интернет-кампања

admin

Рекордни 21 тон марихуана запленети во Струмичко – се тресат фирми со политички врски

admin