35.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски со порака до граѓаните: Ако има метеж – летувајте дома

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика граѓаните да ги поминат летните одмори во земјава доколку продолжат метежите на граничните премини, особено кон Грција, по воведувањето на новиот систем за влез и излез во Европската Унија.

„Ако претставуваат проблем летните годишни одмори – имаме прекрасни езера и планини во Македонија“, изјави Мицкоски, додавајќи дека Владата води разговори во рамките на ЕУ за надминување на состојбата.

Новиот ЕЕС-систем, кој од април се применува на надворешните граници на Унијата, предвидува електронска регистрација и биометриска проверка на патниците, вклучително и фотографирање и земање отпечатоци од прсти. Ова доведе до зголемени задржувања на граничните премини.

Граѓаните сведочат дека на преминот „Богородица“ се чека и до два часа, особено за време на викендите.

Во меѓувреме, Туристичката комора при Сојузот на стопански комори побара од грчките власти привремено одложување на примената на системот за македонските државјани во текот на летната сезона, од 1 јуни до 1 септември.

Од туристичкиот сектор предупредуваат дека долгиот престој на границите може да доведе до откажување на аранжмани и негативно да влијае врз туристичката индустрија, имајќи предвид дека Грција е една од најпопуларните дестинации за македонските туристи.

ЕЕС-системот има за цел да ги евидентира точните датуми на влез и излез во ЕУ и да обезбеди контрола на дозволениот престој, но неговата примена во шпицот на сезоната отвора предизвици за движењето на патници во регионот.

Властите очекуваат дека преку разговори со европските партнери ќе се најде решение за намалување на метежите, додека во меѓувреме ги охрабруваат граѓаните да ги искористат домашните туристички потенцијали.

Related posts

ВЛЕН со сериозни обвинувања: ДУИ во очај – Ахмети од Липково призна дека подготвува бојкот на изборите!

admin

Градоначалникот на Тирана ги отфрла обвинувањата, ги нарекува „иницијрани политичкиот прогон“

admin

Армијата ќе се поднови со хеликоптери „агуста“ од Италија

admin

ЕУ му возвраќа на Трамп, вон дер Лајен: Веќе ја финализираме првата група контрамерки

admin

Бахмут падна под целосна контрола на Вагнер, Зеленски: „Русите уништиле сè“

admin

Нови избори, стари теми и истрошени дилеми

admin