36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Рокас: Европа е изградена врз слобода и демократија, Северна Македонија припаѓа во ЕУ

Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, порача дека Европа е изградена врз ветувања, слобода, еднаквост и демократија, вредности кои, како што рече, мора да се бранат и денес, во време на конфликти и економски притисоци.

Рокас ова го истакна на свеченоста по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, што се одржа во владин круг во Скопје.

„Ова е ден кога треба да ја нагласиме и стратешката важност на проширувањето на Европската Унија, со цел обезбедување долгорочен мир, просперитет и безбедност на континентот“, рече Рокас.

Според него, проширената Европска Унија значи поголема геополитичка отпорност, посилна енергетска независност и поголема тежина на заедничките европски вредности.

„Една проширена ЕУ значи поголема геополитичка отпорност, засилена енергетска независност, подобрена безбедност, но и поголема тежина на нашите заеднички вредности во турбулентните конфликти“, изјави амбасадорот.

Тој го спомена и обраќањето на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој, како што рече, ѝ се обратил на Северна Македонија како на идна членка на Европската Унија.

„Знаеме дека заедно, со помош на сите вас и со континуираните реформи, ќе успееме да го направиме клучниот чекор за да ја донесеме државата таму каде што припаѓа – во семејството на Европската Унија“, рече Рокас.

Во говорот, амбасадорот оцени дека 9 Мај е симбол на крајот на најкрвавиот конфликт во историјата на човештвото и почеток на нова ера за Европа.

„Денес ја поздравуваме храброста и жртвата на оние кои се бореа и ги дадоа своите животи. Не го одбележуваме само крајот на војната, туку и раѓањето на Европската Унија“, истакна Рокас.

Тој додаде дека денешниот контекст, особено руската агресија врз Украина, потсетува колку е важно зачувувањето на европските вредности.

„Мора да го поздравиме борбениот дух на Украинците, но и борбата за слобода на сите нас во Европа. Ова не е само за Украина, туку за Европа и Европската Унија во целина“, рече Рокас.

Амбасадорот ја пофали Северна Македонија за поддршката што ѝ ја дава на Украина во изминатите години.

По обраќањето, Рокас положи цвеќе пред споменикот „Ослободителите на Скопје“.

Related posts

Почна состанокот на лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони

admin

Пеколна спасувачка мисија во Иран: петмина загинати додека САД го извлекуваа соборениот пилот

admin

Драги повика на „прагматичен федерализам“ за извлекување на Европа од кризата

admin

Што покажуваат новите оружја на големата парада за воената моќ на Кина

admin

Фон дер Лајен ја жртвува буџетската флексибилност за да го обезбеди трговскиот договор ЕУ–Меркосур

admin

Што договорија RCC и OSCE за иднината на безбедноста на Балканот?

admin