14.8 C
Скопје
5 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Нова финансиска инјекција: 5 милиони евра за жени и млади претприемачи

Европската банка за обнова и развој и Европската унија обезбедија финансиски пакет од 5 милиони евра за Прокредит банка во Северна Македонија, наменет за поддршка на бизниси предводени од жени и млади претприемачи.

Пакетот се состои од два заема од по 2,5 милиони евра, еден во рамки на програмата „Жени во бизнисот“ и еден во рамки на програмата „Млади во бизнисот“.

Средствата ќе бидат пласирани кон микро, мали и средни претпријатија што ги водат жени или претприемачи помлади од 35 години.

Од ЕБОР велат дека целта е да се подобри пристапот до долгорочно финансирање за групи кои сè уште се соочуваат со структурни бариери во финансискиот сектор.

Европската унија ги поддржува двете кредитни линии преку техничка помош и гаранции во рамки на Европскиот фонд за одржлив развој плус.

„Поддршката за жените и младите во бизнисот е клучна за градење поинклузивни, поотпорни и поконкурентни економии“, изјави Фатих Туркменоглу, шеф на ЕБОР во Северна Македонија.

Од Прокредит банка оценија дека новата соработка ќе помогне во создавање повеќе успешни бизнис-приказни во 2026 година и ќе придонесе за одржлив економски развој.

Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, изјави дека проширувањето на пристапот до финансии за жените и младите претприемачи е важно за отворање работни места, зајакнување на локалните заедници и поинклузивен раст.

Прокредит банка е долгогодишен партнер на ЕБОР и еден од водечките кредитори на микро, мали и средни претпријатија во земјата.

ЕБОР досега инвестирала повеќе од 3 милијарди евра во над 210 проекти во Северна Македонија.

Related posts

Наместо од Мечкин Камен, Гаши од Каиро го честита Илинден

admin

Дачиќ хоспитализиран со тешка пневмонија

admin

Мелони: Италијанскиот модел за центри за мигранти во Албанија станува европски стандард

admin

Рубио откри што разговарал со Ванг: Се подготвува клучна посета на Си Џинпинг во Вашингтон

admin

Енергетската криза „изеде“ една гасна централа

ninja

Ахмети бара двојни избори, ВЛЕН гледа сценарио

admin