26.5 C
Скопје
18 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски со црвени линии за ЕУ: „Без гаранции нема нови отстапки“

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Северна Македонија останува посветена на членството во Европската Унија, но нема да прифати нови условувања поврзани со националниот идентитет, барајќи од Брисел јасни гаранции дека пристапниот процес нема да биде блокиран од билатерални спорови.

Говорејќи на прославата по повод 36-годишнината на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Мицкоски изјави дека земјата мора да го забрза патот кон Европската Унија, но без, како што рече, „пазарење со македонскиот идентитет“.

„Местото на Македонија е во Европската Унија, но очекуваме јасни гаранции дека нема да има нови билатерални прашања и условувања. Нема пазарење со македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција“, изјави Мицкоски.

Премиерот рече дека Владата останува посветена на европските интеграции, но оцени дека принципот на еднаквост мора да важи за сите земји кандидати.

Во обраќањето тој најави и реконструкција на Владата, наведувајќи дека ќе има промени кај функционерите кои не ги исполниле очекувањата.

„Нема да толерирам неодговорност и оддалечување од граѓаните. Секој што не испорачува резултати ќе биде санкциониран“, рече Мицкоски.

Тој упати остри критики кон опозицијата, обвинувајќи ја за политики кои, според него, ја ослабнале државата и овозможиле ширење на корупцијата.

Мицкоски повтори дека борбата против криминалот и корупцијата останува еден од клучните приоритети на Владата и најави дека ќе следуваат нови постапки против лица за кои институциите ќе утврдат одговорност.

Осврнувајќи се на можноста за избори, премиерот изјави дека владејачката коалиција е подготвена за секое политичко сценарио, додека опозицијата, според него, избегнува соочување со граѓаните на избори.

 

Related posts

Алиу најавува ред во здравството: дигитален систем, конечен извештај и нови правила за повеќе доверба

admin

Мицкоски: Постои една Академија на науките и уметностите

admin

ЕУ одобри заем од 90 милијарди евра за Украина по обновување на протокот на нафта

admin

Балканската економија под притисок – што ќе носат новите царински стапки на САД?

admin

Арсовска разоткри 150 дивоградби во Чаир – директни обвинувања кон Ганиу!

admin

СРБИЈА ПРОТИВ ШВАЈЦАРИЈА: ВОЈНА ИЛИ СПОРТ?

ninja