15.8 C
Скопје
11 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Руски ракети го погодија симболот на Украина: Катедрала стара речиси 1.000 години во пламен

Најмалку девет лица загинаа, а десетици беа повредени во нов бран руски ракетни и беспилотни напади врз Украина, при што беше оштетена и историската Успенска катедрала во Киевско-печерската лавра, едно од најзначајните верски и културни обележја на земјата.

Украинските власти соопштија дека четири лица загинале во нападите врз Киев, додека петмина спасувачи ги загубиле животите обидувајќи се да изгаснат пожар предизвикан од руски удар во североисточниот град Харкив.

Украинската премиерка Јулија Свириденко нападот врз катедралата го нарече „брутален напад врз нашиот народ и нашето наследство“.

Успенската катедрала, која потекнува од 11 век и е дел од комплексот Киевско-печерска лавра под заштита на УНЕСКО, претрпела значителни оштетувања. Објектот беше речиси целосно уништен за време на Втората светска војна, а повторно е изграден пред околу 25 години.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха најави иницирање постапки пред УНЕСКО и други меѓународни организации, барајќи реакција на, како што рече, „државниот варваризам“.

Во Киев нападите предизвикаа пожари во станбени згради и возила, а повеќе од 140.000 жители останаа без електрична енергија, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко. Најмалку 23 лица се повредени во главниот град.

Истовремено, руските власти соопштија дека украински напад со беспилотно летало врз градот Тула, јужно од Москва, усмртил три лица и повредил уште три, меѓу кои и едногодишно дете.

Нападите доаѓаат во пресрет на самитот на Г7 во Франција, каде што војната во Украина ќе биде една од главните теми. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за напорите за ставање крај на конфликтот.

Русија ја започна целосната инвазија врз Украина во февруари 2022 година.

Related posts

Искрениот извештај на ЕК различно се толкува од власта и опозицијата

admin

Најмалку седум загинати при уривање на два моста во Русија

admin

Над илјада институции не кажуваат колку возила имаат

admin

Трамп ја намалува американската војска во Европа

admin

Заклучоци на Советот: Проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот

admin

Коските на Самуил, тајни преговори и Македонија: Што се крие зад договорот Грција–Бугарија

admin