28.3 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Маркетите добија нова шанса: Владата бара храната да поскапи под 3 проценти

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата во наредниот период ќе одржи средби со производителите, добавувачите и дистрибутерите, со цел годишниот раст на цените на основните прехранбени производи во јули да се намали под 3 проценти.

Изјавата доаѓа еден ден откако Мицкоски упати остри пораки до маркетите, предупредувајќи дека Владата ќе реагира доколку во следните денови не се забележи намалување на цените.

„Во наредниот период ќе следат средби и со добавувачите и производителите, со цел заеднички да придонесеме годишната инфлација и цените на основните производи во јули да останат под 3 проценти“, рече Мицкоски.

Тој изјави дека целта била договорена на средба во Владата со претставници на најголемите синџири маркети, а дека сега треба да се вклучат и останатите чинители во синџирот на снабдување.

Според премиерот, Државниот пазарен инспекторат ќе направи споредбена анализа на цените на исти производи кај добавувачите и маркетите во мај 2025 и мај 2026 година, за да се утврди каде се создава растот на цените.

„Нашата цел се основните прехранбени производи, тоа што им е неопходно на граѓаните“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека Владата анализира и можни законски измени доколку договореното не биде спроведено, но нагласи дека првиот пристап ќе биде преку соработка со маркетите, производителите и дистрибутерите.

Мицкоски рече дека инфлацијата кај основните прехранбени производи во мај изнесувала меѓу 4,5 и 4,7 проценти, додека во дел од земјите во регионот била повисока.

„Сите мора да бидеме општествено одговорни затоа што граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимално најниски цени“, изјави премиерот.

Владата во изминатиот период повеќепати интервенираше со мерки за ограничување или намалување на цените на дел од основните производи, во услови на притисок врз животниот стандард и раст на трошоците за храна.

Related posts

Дијаспората и по 12 февруари ќе може да се врати со патен лист

admin

СДСМ најавува конгрес на 7 јуни, избрани нови членови на ЦО и ИО

admin

Фрчковски за Топ Чанел: Постојат обиди да се намалат правата на Албанците

admin

Ристовски: Предложивме да се откаже Олимпијадата или да се сведе на 1.000 учесници, но бевме одбиени

admin

Мицкоски во Тирана ја презентираше реформската агенда поддржана од ЕК

admin

КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА НАЈАВУВА “ОТВОРЕН БАЛКАН” И ЗА КУЛТУРАТА

ninja