21.8 C
Скопје
24 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Канада ја тужи OpenAI: ChatGPT можел да го спречи масакрот?

Владата на канадската провинција Британска Колумбија ангажираше правни застапници за покренување постапка против OpenAI, тврдејќи дека компанијата не ги известила надлежните органи за насилните содржини што ги генерирал напаѓачот преку ChatGPT пред масовното убиство во Тамблер Риџ.

Јавната обвинителка Ники Шарма изјави дека покраината има обврска да преземе чекори за да спречи слични трагедии во иднина.

„Мислам дека сите бевме шокирани кога дознавме дека можеби постоела можност да се спречи загубата на човечки животи“, рече Шарма.

Во нападот на 10 февруари, 18-годишната Џеси Ван Рутселар најпрво ги убила својата мајка и полубрат, а потоа во локалното средно училиште убила пет ученици на возраст од 12 и 13 години и еден просветен работник, по што извршила самоубиство.

Според покраинската влада, OpenAI не ги алармирала органите на прогонот и покрај тоа што профилот на напаѓачката бил означен поради вознемирувачки содржини поврзани со планирање насилство.

Семејствата на жртвите веќе поднесоа тужба против OpenAI и нејзиниот коосновач Сем Алтман пред суд во Калифорнија, барајќи отштета.

OpenAI претходно соопшти дека профилот поврзан со напаѓачката бил трајно блокиран во јуни 2025 година, но оценила дека содржината не го достигнала прагот што би наложувал известување на полицијата.

Алтман во април објави јавно писмо со извинување до заедницата во Тамблер Риџ, наведувајќи дека му е „длабоко жал“ што компанијата не ги известила органите на редот.

Британска Колумбија ангажираше адвокатски канцеларии од Ванкувер и Калифорнија за да ја водат постапката, а според Шарма, целта е не само утврдување одговорност, туку и обезбедување средства за обновата на заедницата, вклучително и изградба на ново училиште.

Покраинската влада посочува дека и претходно успешно водела големи судски постапки против тутунската и опиоидната индустрија и најавува дека ќе бара слична корпоративна одговорност и во случајот со вештачката интелигенција.

Related posts

Година на опасно живеење

admin

Македонска активистка протерана од Србија, МНР бара објаснување

admin

Крај на „советскиот“ начин на војување? Новиот командант најавува големи промени

admin

ЕУ-интеграција: Малку напред кон 2030, малку назад кон 2018

admin

Тетово домаќин на Унијата на албански општини, фокус на регионална соработка и ЕУ интеграции

admin

Унгарскиот премиер Маѓар во Брисел бара деблокада на европските фондови, ЕК останува претпазлива

admin