36.8 C
Скопје
25 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

По салмонелата во Прилеп, ново сомнение за труење со храна во фабрика во Штип

Шестмина вработени во фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) во Штип пријавиле симптоми на труење со храна, а здравствените власти започнаа епидемиолошка истрага и земаа мостри за лабораториски анализи.

Според Центарот за јавно здравје – Штип, пријавите биле поднесени на 8 јули. Епидемиолошки тим извршил увид кај операторот што ја подготвувал храната и земал примероци од храната, брисеви и друг материјал за да се утврди евентуалниот причинител.

Засега не е потврдено дали станува збор за бактериска инфекција или за друг вид труење со храна, а резултатите од анализите се очекуваат во наредните денови.

Новиот случај следува откако здравствените власти потврдија дека бактеријата салмонела била причинител на масовното труење во прилепската компанија „Микросам“. Од 58 работници кои консумирале оброк подготвен од кетеринг-компанијата „Рустика“, симптоми развиле 44 лица, а шестмина биле хоспитализирани.

Според надлежните, салмонела била потврдена во дел од земените примероци, а кујната на кетеринг-компанијата и мензата во фабриката остануваат затворени до завршување на инспекциските контроли.

Здравствените власти засега не поврзуваат двата случаи и нагласуваат дека причините за труењето во Штип ќе бидат познати по завршувањето на лабораториските испитувања.

Related posts

„Островот на развратот“ стана инкубатор на шпекулации

admin

Една година во бегство: МВР нема информации за Артан Груби

admin

Нетанјаху ќе разговара со Трамп и Путин за нападите врз Иран

admin

Несогласувања во ВЛЕН, Таравари не ги негира амбициите за локалните избори

admin

Полошо отколку во 2008? Американците ја губат вербата во економијата

admin

OpenAI го најавува SearchGPT, својот пребарувач со вештачка интелигенција

admin