19.8 C
Скопје
1 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

26 организации против Владата: Бараат итно стопирање на новите рударски концесии

Дваесет и шест граѓански организации, иницијативи и платформи побараа Владата и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини итно да ги поништат или стават вон сила одлуките и јавните повици за доделување концесии за проспекциски геолошки истражувања на металични минерални суровини.

Барањето се однесува на одлуките за просторите „Север–Североисток“ и „Исток“, како и на Јавниот повик 2/2026 и сите идни повици што би произлегле од нив.

Организациите бараат веднаш да се запрат сите активности во постапките, вклучително приемот и оценувањето на понудите, како и електронската аукција закажана за 6 август 2026 година.

Според нив, новите концесиски подрачја опфаќаат 29 општини во источниот дел на државата, каде што во изминатите две децении веќе биле спроведувани геолошки истражувања или биле доделени концесии за детални истражувања и експлоатација на металични минерални суровини.

Во анализата што ја приложуваат се наведува дека од 2004 година наваму различни видови концесии опфатиле околу 100 проценти од териториите на Пробиштип, Делчево и Карбинци, 97 проценти од Пехчево, 94 проценти од Чешиново-Облешево, 89 проценти од Кратово, 87 проценти од Зрновци и Виница, 86 проценти од Радовиш и 85 проценти од Берово.

Организациите предупредуваат дека дел од новите концесиски полигони се преклопуваат со веќе истражени простори, постојни или претходни концесии за детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација.

Според нив, со тоа се повредува член 7-а став 2 од Законот за минерални суровини, кој забранува проспекциски истражувања на простори што веќе биле истражувани, се предмет на постапка за детални геолошки истражувања или се под концесија за детални истражувања и експлоатација.

„Министерството било должно пред доставувањето на предлогот до Владата точно да ги утврди границите и да ги исклучи сите законски забранети површини. Нивното вклучување во поширок концесиски полигон не е дозволено, ниту може да се исправи во подоцнежна фаза од постапката“, наведуваат организациите.

Тие бараат Владата во рок од три работни дена писмено да ги извести за преземените мерки, со цел, како што велат, да се спречи доделување концесии врз основа на постапки што опфаќаат законски исклучени простори.

Related posts

Поддршка од САД за уставните измени – можеби изгледаат минорно, но се тешки

admin

„Даути-Комерц“ ја доби лиценцата за Царински склад

admin

СДСМ: Луѓе умираат по болници, а Таравари зборува за смена на химна и грб

admin

ОСМАНИ ВО ПОСЕТА НА МОЛДАВИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ТАМОШНА СЛОЖЕНА ПОЛИТИЧКА СОСТОЈБА

ninja

ДУИ повторно на протест против Тито: „Историјата не се брише“

admin

ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ СЕ СОПНУВА НА РАКОВОДНИ МЕСТА

ninja