0.8 C
Скопје
8 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Матурата положена со 3,66, но 226 тестови завршија во корпа

Матурантите во Северна Македонија постигнале подобри резултати по математика и јазиците на државната матура, додека тестовите на 226 ученици биле поништени поради утврдени нерегуларности, соопштија Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар.

Просечната оценка од трите типа матура во јунскиот испитен рок во учебната 2025/2026 година изнесува 3,66, по разгледувањето на приговорите на прелиминарните резултати.

Резултатот е речиси идентичен со минатогодишниот просек од 3,69, но надлежните посочија дека е забележано подобрување кај дел од предметите, а најголем напредок има кај математиката.

Министерката за образование Весна Јаневска рече дека е задоволна од постигнатите резултати.

Сепак, на 226 ученици им биле поништени тестовите, а тие ќе треба повторно да полагаат во август. Дел од нерегуларностите биле поврзани со користење мобилни телефони за време на испитите.

Резултатите од матурата доаѓаат во период кога образовниот систем се соочува со друг, подолгорочен предизвик – наглото намалување на бројот на ученици.

Според податоците презентирани од образовните власти, во септември се очекува во училиштата да се запишат најмалку 3.000 првачиња помалку.

Тоа значи дека зад релативно стабилниот успех на матурантите се отвора многу поголемо прашање за иднината на образовниот систем: Македонија има сè помалку деца што влегуваат во училишните клупи.

Related posts

Филипче објави владин документ за Алта банка: 16 институции добиле насоки, се бара истрага за Мицкоски и Кочоска

admin

СРБИЈА НЕ СЕ СОГЛАСИ СО ОДЛУКАТА НА ЕУ ЗА САНКЦИИ ПРОТИВ ИРАН

ninja

Договорот за Ормутскиот Теснец пред финализација: Може ли Иран повторно да го отвори клучниот нафтен коридор?

admin

“Ако политички се дестабилизира ќе се одрази…”: Османи ги коментира изборите во Турција

admin

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ Муамед Сејдини

admin

По шпекулациите за Меидани, Албанија испрати јасна порака

admin