29.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Кој ќе го наследи Трамп? Во игра се појави уште едно моќно име

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет разговарал со блиски луѓе за можна претседателска кандидатура во 2028 година, објавија американски медиуми, но шефот на Пентагон категорично ги отфрли информациите како „100 отсто неточни“.

Хегсет и неговата сопруга во изминатите месеци разговарале со пријатели и соработници за потенцијална трка за Белата куќа, објави NBC News, повикувајќи се на два извора запознаени со разговорите.

Шпекулациите дополнително се засилија откако Хегсет овој месец го посети Државниот саем во Ајова, традиционално место за политичари кои размислуваат за претседателска кандидатура. За време на посетата тој водеше кампања за републиканскиот конгресмен Зак Нан.

Пентагон ги отфрли наводите.

„Секретарот Хегсет не се кандидира за претседател“, изјави портпаролот на Пентагон Шон Парнел, додавајќи дека негов приоритет е раководењето со американскиот одбранбен систем.

Самиот Хегсет реагираше и на X, нарекувајќи го извештајот „100% неточен“.

Венс и Рубио засега главни имиња

Ниту еден висок функционер од администрацијата на Доналд Трамп официјално не најавил кандидатура за изборите во 2028 година, но досегашните шпекулации главно се концентрираат на потпретседателот Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио.

Трамп јавно ги посочуваше двајцата како можни наследници, а според претходни медиумски извештаи, во приватни разговори се интересирал кој од нив има поголема поддршка.

Во анкета меѓу учесниците на Конференцијата за конзервативна политичка акција во март, Венс добил 53 отсто поддршка како посакуван републикански кандидат за 2028 година, Рубио 35 отсто, а Хегсет само еден отсто.

Од телевизија и Ирак до Пентагон

Хегсет е поранешен водител на Fox News и ветеран од војната во Ирак, а неговиот мандат на чело на Пентагон е проследен со повеќе контроверзии.

Минатата година тој беше дел од скандалот со група на Signal во која високи американски функционери разговарале за планирани воени операции во Јемен, откако главниот уредник на „Атлантик“ по грешка бил вклучен во разговорот.

Хегсет се соочуваше со критики и поради своите ставови за улогата на жените во борбените единици и поради користењето религиозна реторика во официјални настапи.

Доколку сепак одлучи да се вклучи во трката во 2028 година, тој би влегол во потенцијално преполнето републиканско поле во кое борбата за политичкото наследство на Трамп веќе почнува да се наѕира.

 

Related posts

Објавени имињата на владата на Мицкоски

admin

Во екот на туристичката сезона, проблемот конечно решен- Здравствена заштита во Дојран ќе добиваат и туристите

admin

Дизелот поевтинува за 6,5 денари од полноќ

admin

Историски железнички договор за поврзување на Скопје и Софија

admin

Караваните ќе стивнат, избирачите ќе земат збор

admin

Хадад во Сараево: Младите од Западен Балкан треба да бидат креатори на европската иднина

admin