14.8 C
Скопје
5 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Гренланд изгледа колку Африка, а е 14 пати помал: ОН ја менуваат светската карта

Генералното собрание на Обединетите нации гласаше за замена на традиционалната светска карта со проекција што попрецизно ја прикажува вистинската големина на Африка и другите континенти.

Резолуцијата „Correct the Map“, предложена од Того и поддржана од членките на Африканската унија, доби поддршка од 164 држави, меѓу кои Франција и Велика Британија. Соединетите Американски Држави беа единствената земја што гласаше против, додека шест држави беа воздржани.

Одлуката не е правно обврзувачка, но се очекува да влијае врз картите што ги користат меѓународните институции.

Африка е околу 14 пати поголема од Гренланд

Во центарот на спорот е таканаречената Меркаторова проекција, создадена во 1569 година од фламанскиот картограф Герардус Меркатор.

Таа со векови е една од најкористените карти на светот, но значително ги искривува површините на земјите и континентите.

На Меркаторовата карта, Гренланд визуелно изгледа приближно голем колку Африка.

Во реалноста, Африка има површина од околу 30,4 милиони квадратни километри, додека Гренланд има околу 2,2 милиони квадратни километри. Африка е, значи, приближно 14 пати поголема.

Причината за искривувањето не е грешка во класична смисла, туку последица на обидот сферичната Земја да се прикаже на рамна површина.

Кај Меркаторовата проекција областите поблиску до половите изгледаат значително поголеми, додека земјите во близина на екваторот се прикажуваат помали отколку што навистина се.

Equal Earth како замена

Како алтернатива се предлага проекцијата „Equal Earth“, создадена од тим картографи во 2018 година.

Таа е дизајнирана така што многу попрецизно ги задржува релативните површини на континентите.

Во февруари сите 54 членки на Африканската унија ја поддржаа нејзината употреба, оценувајќи дека таа пореално ги претставува големините на континентите, особено на Африка.

Кампањата #CorrectTheMap го илустрира размерот на континентот со тврдењето дека во Африка би можеле да се сместат САД, Кина, Индија, Јапонија, Мексико и голем дел од Европа – и сепак да остане простор.

„Праведен свет започнува со праведна карта“

Министерот за надворешни работи на Того, Роберт Дусе, пред гласањето рече дека „праведен свет започнува со праведна карта“.

Според него, картите не се неутрални бидејќи влијаат врз тоа како луѓето ги перципираат континентите, државите и нивното место во светот.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро најави дека и неговото министерство ќе престане да ја користи Меркаторовата проекција.

Тој оцени дека промената на картата сама по себе нема да го промени светот, но дека исправувањето на искривената претстава е „чин на вистината“.

САД единствени против

Американската претставничка во ОН Јарина Ференцевич ја критикуваше резолуцијата, оценувајќи дека Генералното собрание треба да се занимава со прашања поврзани со меѓународниот мир, просперитетот и односите меѓу државите, наместо со картографски проекции од 16 век.

Вашингтон беше единствената држава што гласаше против резолуцијата.

Критичарите на Меркаторовата проекција, пак, тврдат дека проблемот не е само географски.

Според нив, визуелното намалување на Африка со децении влијаело врз начинот на кој се перципираат нејзината политичка тежина, ресурсите, населението и економскиот потенцијал.

Кенискиот географ Киоко Муендо оцени дека картите не се само помагала за патување, туку и алатки што влијаат врз политичката и економската перцепција на цели региони.

Одлуката на ОН нема преку ноќ да ги исчезне Меркаторовите карти од училниците, атласите и интернетот, но може да го забрза преминот кон проекции што попрецизно ја прикажуваат реалната големина на светските континенти.

Related posts

„Не е изненадување“ – ЗНАМ со порака по одлуката на Цеков

admin

По средбата со Мицкоски, АА со одлука: Не сме декор во владата

admin

Даути: Стратегијата за развој мора да биде инклузивна, само така ќе имаме резултати

admin

ТЕНЗИИТЕ НА КОСОВО ГИ БРКААТ ИНВЕСТИТОРИТЕ ОД ЗЕМЈАТА

ninja

Над илјада институции не кажуваат колку возила имаат

admin

Македонските лидери го чествуваат делото на Кирил и Методиј како темел на идентитетот и писменоста

admin