11.8 C
Скопје
17 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ИСЛАМ АБАЗИ ЌЕ ЈА НАСЛЕДИ ВИЛМА РУСКОВСКА ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази е нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Јавните обвинители на непосредни избори донесоа одлука за наследникот на суспендираната шефица Вилма Русковска. Од вкупно 160 обвинители – 66 гласаа за Абази, додека неговиот противкандидат Ермон Незири доби 64 гласови од своите колеги обвинители.

Јавните обвинители на гласачкото ливче можеа да изберат меѓу четворица кандидати – Деса Пауновска и Ислам Абази, кои доаѓаат од Вишото обвинителство – Гостивар, Ермон Незири од скопското Обвинителство и суспендираната шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска.

Таа денеска порача дека ако победи ќе продолжи каде што застанала, а ако ги изгуби изборите ќе го признае поразот. „Правото и правдата мора да важи за сите. И не смее да има неказнивост“, изјави Русковска.

Согласно Законот за јавното обвинителство, на изборите за шеф на ОЈО ГОКК право на глас имаа сите јавни обвинители во земјата. Гласањето се спроведе во текот на работното време на гласачки места во четирите виши јавни обвинителства и во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

На огласот за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК беа пријавени петмина кандидати, но Енѓелуше Кадриу – Леши ја повлече пријавата. Во пресрет на гласањето, републичкиот обвинител Љубомир Јовески минатата недела им порача на обвинителите својот избор да го направат слободно и растоварено од какви било влијанија.

Советот на ЈО согласно законот, во рок од седум дена треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати. Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

Related posts

Средба Мицкоски-Сарацин, дали ќе поминат уставните измени?

admin

Скопје “тоне” во ѓубре, Арсовска: Издојувавме уште една победа

admin

Амбициите на Косово за Советот на Европа – блиску до целта или во пит-стоп?

admin

Норвешкиот ер шатл воведе директен лет Скопје-Осло

admin

Сајбер нападот на МЕПСО: Што остана по хакерите?

admin

Премиерот на Велика Британија за полот: „Мажот е маж, а жената е жена“

admin