10.8 C
Скопје
6 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ ќе остане доследна и нема да ги гласа уставните измени

Мнозинството граѓани очекуваат опозициската ВМРО-ДПМНЕ да остане доследна и да не даде  поддршка на уставните измени. Ваков став имаат 42% од анкетираните додека една четвртина  или 25% очекуваат најголемата опозициска партија да го смени ставот, јавува телевизија Сител. 

Ова го покажува анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот  од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.

Гледано по етнички групи, 45,7 од Македонците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане доследна  наспроти 43,3% етнички Албанци кои очекуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе попушти. Дека опозицијата  ќе гласа за уставните измени сметаат само еден на секои пет Македонци или 19,2% додека секој  трет Албанец или 33% од анкетираните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните  измени.

Мнозинството граѓани не се согласува со уставни измени дури и во ситуација Македонија да  добие дополнителни гаранции. 45,3% од анкетираните велат дека не би прифатиле промена на  уставот и да продолжат преговорите со ЕУ заедно со дополнителни гаранции кои би ги добила  Македонија. Поддршка за уставните измени во ваква ситуација даваат 35,7% од анкетираните.

И тука, очекувано сосема различни ставови меѓу Македонците и Албанците.

57,9% етнички Македонци се против промена на Уставот дури и во ситуација кога би добиле  дополнителни гаранции додека 21,9% велат дека во таков случај би дале поддршка за уставни измени.

Кај Албанците 78,5% даваат поддршка за уставни измени додека само 7,7% се против.

Анализата на возрасната структура на одговорите покажува дека најголеми противници на  промена на уставот се повозрасните граѓани додека најмало противење има кај младите.

 

Related posts

Османи: Ризикуваме изолација како таа од 2006 до 2017 година

admin

Што содржи Предлогот за уставни измени (интегрален текст)

admin

Министрите од регионот потпишаа заеднича изјава за борба против корупцијата

admin

Ковачевски: Добро е што опозицијата не е против уставните измени

admin

ГЕРМАНИЈА ПОВЕЌЕ НЕ Е ЗАВИСНА ОД РУСКИОТ ГАС

ninja

ЌЕ СТАВИ ЛИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА КРАЈ НА КИРИЛИЦАТА ВО ЦЕНТРАЛНА АЗИЈА?

ninja