9.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Гаши: Владата на Курти ќе биде соборена на есен

Шефот на пратеничката група на Демократската лига на Косово, Арбен Гаши денеска најави акции за соборување на владата на Курти наесен, пренесува Инбокс7.

„Оваа седница и оваа влада се карактеризира со неспособност, но и со државно заробеништво, уставни прекршувања. Го карактеризираат и нафтените скандали или скандалот „Здраво“. Исто така со масовна корупција и пред се како владеење на уставни прекршувања. Додавајќи на ова други елементи, како што се владата на меѓународни санкции и владата на меѓународна екскомуникација. Косово не може да се соочи со таква влада и не треба да се соочи со таква влада. Неможноста да се менаџира Собранието, неспособноста да се раководи со владата, криминалот, корупцијата, уставните прекршувања се големи штети што му се прават на Косово, така што очекуваме дека наесен ќе имаме сосема нова ситуација, како што не треба оваа влада продолжи“, изјави тој за медиумите.

Сепак, Гаши рече дека ќе видат дали наесен ќе има пратеници од Самоопределување кои ќе гласаат за недоверба.

Тој ја критикуваше владата дека намерно ја пропуштила денешната седница за да ја спречи опозицијата да расправа за „скандалите на владата на Курти“.

 

Related posts

Револуција во борбата против ракот? Нов лек целосно елиминирал тумори кај дел од пациентите

admin

Николоски: Нашите проекти се највидливи во државата

admin

САД посредуваат, но оружјето зборува погласно: Израел и Хезболах пред нов судир

admin

Лекарите предупредуваат на здравствени ризици од чадот од скопските депонии, граѓаните бараат итни мерки

admin

Мицкоски: Ваквите уставни измени се неприфатливи

admin

Нов студентски протест за правосудниот испит на албански јазик

admin