16.8 C
Скопје
18 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Шолц: ЕУ мора да го награди напредокот на С. Македонија

Единствената исправна одлука на ЕУ е да ја награди Северна Македонија за напорите кои ги има сторено на патот кон ЕУ, порача германскиот канцелар Олаф Шолц на самитот ЕУ- Западен Балкан во Тирана.

Германскиот канцелар Олаф Шолц на самитот ЕУ-Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес во Тирана ја апострофираше Северна Македонија како земја која мора да биде наградена за своите напори да се приближи кон ЕУ.

„Сакаме да направиме сѐ, за Северна Македонија да биде успешна во своите напори, и јас сум му многу благодарен за активностите на шефот на владата, кој вложува големи напори за да ги исполни условите кои беа наметнати однадвор“, порача Шолц на прес-конференцијата на самитот.  „Мора да се каже дека Северна Македонија постигна голем напредок во исполнувањето на критериумите за пристапување и вложува многу напор. Во тој поглед, тоа е единствено исправно“, дополни германскиот канцелар.

Шолц ги повтори повиците за побрз влез на земјите од Западниот Балкан во ЕУ, на самитот во Тирана.

„Јасно е дека 20 години откако на овие земји им беше дадено ветување за влез, тоа мора и да се случи“, порача германскиот канцелар.

 

Related posts

Што се разговарало на средбата Блинкен-Ковачевски? Ескобар вели дека корупцијата била главна тема

admin

Канада ја отвора вратата за Кина, Трамп притиска: Што се крие зад царинската војна?

admin

Османи за „Независен“: Оваа влада ќе падне, нема да го заврши мандатот

admin

Епидемија на прагот, водата под истрага: Кој ќе одговара за здравствената криза во Гостивар?

admin

Брисел испраќа остро предупредување: Македонија без напредок во клучните реформи

admin

Бугарски лекари нудат бесплатни лекарски прегледи во Мала Преспа

admin