9.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Трагедија во Кочани: Одбраната тврди дека Бектеши е вмешан без докази

Одбраната на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши пред Основниот суд на почетокот на судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, тврдеше дека нема причинско-последична врска меѓу дејствијата на обвинетиот и трагедијата.

Адвокатот Еленко Миланов изјави дека Министерството за економија немало надлежност за инспекциски надзор на локали од ваков тип и дека пожарот бил предизвикан од употреба на пиро-технички средства што не биле дозволени за затворен простор.

„Лиценците издадени во периодот 2018–2022 се со факсимил на министерот, а не со негов личен потпис. За најмалку една лиценца ќе докажеме дека е издадена во време кога Бектеши воопшто не бил во Македонија,“ рече Миланов.

Тој додаде дека Бектеши е обвинет како соизвршител заедно со 33 други лица, од кои, како што тврди, поголемиот дел никогаш не ги познавал и немал контакт со нив.

Миланов наведе и дека Законот за угостителска дејност предвидува инспекциски надзор да вршат други институции, а не Министерството за економија.

Судењето продолжи под засилени мерки на обезбедување, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите и голем број новинарски екипи.

.

Related posts

Опозицијата обвинува за политички прогон, бара распит на Мицкоски

admin

„Историски ден“ – што носи посетата од Швајцарија?

admin

Владата на тест: Претставата заврши или почнува?

admin

Странци ни ги опремуваат лабораториите – Македонија „скржава“ за наука

admin

Од примерен студент до осомничен за атентат: Кој е атентаторот на Трамп?

admin

Американскиот долг расте за 90.000 долари во секунда – што ако инвеститорите почнат да се повлекуваат?

admin