14.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Жртвите во „Пулс“ починале од токсични гасови и жежок воздух

Жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани биле изложени на комбинација од токсични гасови, жежок воздух и чад, што имало клучно влијание врз фаталниот исход, изјави директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, на судењето за трагедијата.

Тој посочи дека доминантен фактор бил јаглеродниот моноксид, но нагласи дека дополнително влијание имале и други елементи како водороден цијанид, високите температури, пренатрупаноста и паниката при обидите за евакуација.

„Не зборуваме само за јаглероден моноксид, туку и за жежок воздух, чад, водороден цијанид – сè имало влијание“, изјави Станков.

Според медицинската документација, повредите кај настраданите и повредените се поделени во три категории: изгореници од прв, втор и трет степен, инхалациони повреди од вдишување токсични гасови и механички повреди како последица на притисок и стампедо.

Вештакот објасни дека термичките повреди настанале од изложеност на високи температури и жежок воздух, додека инхалационите повреди се резултат на вдишување токсични гасови. Механичките повреди, пак, се должат на притисок при обидите за излез од објектот.

Во однос на присуството на водороден цијанид, тој наведе дека овој гас имал дополнително, но не и доминантно влијание врз смртните случаи.

На прашање за улогата на алкохолот и психотропните супстанции, Станков изјави дека нивното влијание не може да се исклучи, но дека во конкретниот случај имало повеќе фактори кои ја отежнале евакуацијата.

Судењето продолжува на 6 мај со изведување на материјални докази.

Семејствата на жртвите реагираа на објавување на имиња од доказниот материјал во дел од медиумите, оценувајќи дека станува збор за злоупотреба на трагедијата.

„Ова не е новинарство, ова е злоупотреба на туѓа трагедија“, изјавија тие, повикувајќи на поголема почит и одговорност во известувањето.

Во пожарот на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, во една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.

Related posts

Се зголемува бројот на регистрирани компании, вработиле околу 12 илјади лица, 76.4% припаѓаат на услужните дејности

admin

Изборите во Косово ја бришат опозицијата: Курти добива апсолутна предност

admin

Судските службеници бараат повлекување на Предлог-законот за судска служба

admin

Лидерите на Г7 повикаа на „деескалација“ на Блискиот Исток, но без директен повик за прекин на огнот меѓу Израел и Иран

admin

Вајц со алармантна порака: Македонија ризикува да ја изгуби ЕУ шансата

admin

КАКО ДА СЕ ЗАУЗДА ГАЛОПИРАЧКАТА ИНФЛАЦИЈА

ninja