11.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Европа под воен притисок: НАТО подготвува нова ера на масовно вооружување

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, следната недела ќе побара од водечките европски компании од одбранбената индустрија да ги зголемат инвестициите и производствените капацитети, во обид алијансата побрзо да ги зајакне воените способности на Европа.

Според извештај на Фајненшл Тајмс, Руте ќе се сретне со претставници на најголемите европски производители на оружје во Брисел, во пресрет на годишниот самит на НАТО што во јули ќе се одржи во Анкара, Турција.

Од компаниите било побарано да достават информации за планирани инвестиции и можности за зголемување на производството, особено во секторите за воздушна одбрана и ракети со долг дострел.

Притисокот доаѓа во време кога НАТО се обидува да покаже дека европските членки сериозно ги исполнуваат барањата на американскиот претседател за поголеми издвојувања за одбрана.

На минатогодишниот самит членките на НАТО се согласија постепено да ги зголемат трошоците за одбрана на 5 проценти од БДП.

Според проценките на НАТО, доколку европските сојузници го исполнат тој таргет, тоа би значело дополнителни еден трилион долари годишни трошоци за одбрана до 2035 година во споредба со 2024 година.

Алијансата сака европските армии да ја намалат зависноста од американското оружје, особено поради сомнежите околу долгорочната посветеност на Вашингтон кон европската безбедност.

Еден од најголемите проблеми за европските земји останува недостигот од ракети со долг дострел. во моментов се обидува да купи американски крстосувачки ракети „Томахавк“ за зајакнување на одбраната против .

Дополнителен аларм за европските сојузници беше и одлуката на Пентагон да повлече 5.000 американски војници од Германија, по политичките тензии меѓу Трамп и германскиот канцелар околу војната со Иран.

Според извори блиски до подготовките, НАТО сака на самитот во Анкара да претстави конкретни договори за воздушна одбрана, ракети со долг дострел, разузнавачки технологии и сателитски системи.

Компаниите, пак, ќе ги претстават своите планови за нови фабрики, зголемување на работната сила, обезбедување суровини и намалување на зависноста од кинески и тајвански компоненти.

Related posts

Тензии во Собранието: Лукаревска ја притисна Јаневска, „талогот“ повторно ја разгоре расправата

admin

Регионалните организации ја засилуваат координацијата за поотпорна и поповрзана Југоисточна Европа

admin

Дипломатски скандал меѓу Скопје и Софија: МНР бара итна истрага

admin

Украински дронови повторно го погодија рускиот нафтен центар

admin

Филипче: СДСМ останува на страната на работниците, и во власт и во опозиција

admin

Тачи оди во Апелација: Одбраната отвори три фронта против пресудата од 25 години

admin