17.8 C
Скопје
24 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Петрушевски бара одговори: Кој го договарал тендерот од 18 милиони денари?

ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да отвори истрага за наводна корупциска шема поврзана со тендер во Царинската управа вреден 18 милиони денари, тврдејќи дека осомничениот Стефан Богоев требало да добие 10 отсто од неговата вредност.

Пратеникот Бране Петрушевски на прес-конференција изјави дека според информации добиени од свиркачи, наводното мито од 2.000 евра било само прва исплата во поширок договор поврзан со тендер за одржување на хигиена.

„Според информациите што ги добивме, преку комуникација на мобилни апликации бил договаран тендер вреден 18 милиони денари, а 2.000 евра биле првата од повеќе исплати кои требало да ги добие Богац како награда“, рече Петрушевски.

Тој побара Обвинителството да утврди дали се точни информациите дека на Богоев му биле ветени 1,8 милиони денари, што претставува 10 проценти од вредноста на тендерот.

Од владејачката партија исто така ја обвинија опозициската СДСМ дека не се дистанцира од случајот и од лицата опфатени со истрагата.

Богоев е под истрага заедно со уште три лица во предмет кој се однесува на сомневања за злоупотреби при јавна набавка вредна околу 300.000 евра и за примање противправна корист од 1.800 евра.

Одбраната на Богоев во меѓувреме понуди гаранција од 60.000 евра за тој да се брани од слобода, а судот допрва треба да одлучи по барањето.

СДСМ претходно оцени дека постапката има политичка заднина, додека лидерот на партијата Венко Филипче изјави дека нема да го коментира случајот додека институциите не ја завршат својата работа.

Related posts

ДУИ предупредува: Еднојазичните униформи се симбол на дискриминација

admin

Фон дер Лајен: По повеќе од една деценија, проширувањето на ЕУ повторно е реална можност

admin

Француски суд осуди кинески капетан на танкер поврзан со руската „флота во сенка“

admin

Гореше брод кај Катар, Иран предупредува на „тежок напад“ врз САД

admin

Дизелот стигна до 101,5 денари, се отвора пат за нов бран поскапувања

admin

Русија го губи енергетскиот пазар, Германија потпишува 20 годишен договор за снабдување со течен гас од САД

admin