17.8 C
Скопје
25 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Изборниот законик пред блокада: Власта и опозицијата со спротивставени обвинувања

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги обвини опозициските СДСМ и Левица дека го блокираат донесувањето на Изборниот законик и ги кочат реформските процеси, иако, според партијата, претходно учествувале во неговото усогласување.

Во соопштение до јавноста, ВМРО-ДПМНЕ наведе дека СДСМ и Левица, по повеќемесечни разговори и прифатени забелешки, поднеле десетици илјади амандмани со цел да го спречат усвојувањето на законските измени.

„Изборниот законик е усогласен со препораките на ОБСЕ и ОДИХР и претставува дел од реформските обврски на Македонија. Наместо конструктивност, СДС и Левица избраа политички театар, свесни дека секое одложување значи штета за државата и за европскиот реформски процес“, соопшти владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека остануваат подготвени да разговараат за сите предлози кои придонесуваат за подобрување на изборниот процес, но оценуваат дека поднесувањето десетици илјади амандмани претставува „класична парламентарна опструкција“, а не обид за подобрување на законските решенија.

Партијата повтори дека останува на ставот македонската дијаспора да добие можност да гласа по електронски пат на претседателските избори, оценувајќи дека секој граѓанин, без разлика каде живее, треба полесно да го оствари своето избирачко право.

„Очигледно е дека стравот од изборен пораз ги обедини СДС и Левица повеќе отколку која било политичка идеја. Наместо да понудат визија, тие нудат блокади“, се наведува во соопштението.

Претходно, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, изјави дека клучното прашање во дебатата било воведувањето една изборна единица, а не електронското гласање на дијаспората, додека СДСМ обвини дека предложените измени би можеле да овозможат недоволна контрола врз гласањето на иселениците.

Измените на Изборниот законик се дел од реформската агенда поврзана со европските интеграции и препораките на ОБСЕ/ОДИХР за унапредување на изборниот процес во Северна Македонија.

Related posts

Турската лира достигна рекордно ниско ниво

admin

Бил отстранет од летање поради екстремизам – како Ал-Хамами повторно стигнал во пилотската кабина?

admin

Армијата ќе се поднови со хеликоптери „агуста“ од Италија

admin

Обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани: 62 жртви, 34 обвинети

admin

Несреќа во Грац: Загинаа повеќе лица, напаѓачот се самоуби

admin

Мерц подготвува реконструкција на владата: По оставката на Шпан следуваат нови кадровски потези

admin