30 C
Скопје
4 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски под притисок пред реконструкцијата: СДСМ обвинува за „тендер-коалиција“

Опозициската СДСМ ја оцени претстојната реконструкција на Владата како „театар без суштински промени“, обвинувајќи дека владејачкото мнозинство продолжува со истиот модел на управување поврзан со бизнис интереси и јавни набавки.

На прес-конференција, членот на СДСМ Јон Фрчковски изјави дека новите кадровски решенија претставуваат „нова амбалажа за истото корумпирано владеење“ и тврдеше дека премиерот Христијан Мицкоски планира неговиот, како што рече, долгогодишен бизнис-партнер Димитар Димовски да го преземе секторот за добро владеење.

„Реконструкцијата на Владата на Мицкоски е само театар, во суштина ништо не се менува во тендер-коалицијата. Новите имиња се само нова амбалажа за истото корумпирано владеење“, рече Фрчковски.

Премиерот Мицкоски ги отфрли ваквите тврдења, посочувајќи дека сè уште не е донесена одлука кој ќе раководи со секторот за добро владеење и дека во Владата ќе функционираат два одделни секретаријата.

„Јас никаде не кажав кој ќе биде тој што ќе го управува делот за добро владеење. Реков дека, како што ќе имаме секретар кој врши мониторинг на реализацијата на програмата на Владата, ќе имаме и секретар за добро владеење. Тоа нема да биде истото лице“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека Димитар Димовски и други функционери од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, според него, биле предмет на политички мотивирани постапки во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ.

Седницата за реконструкција на Владата е закажана за 13 јули, кога Собранието најпрво треба да ги разреши актуелните министри опфатени со промените, а потоа да гласа за новите членови на владината коалиција.

Во меѓувреме, Мицкоски најави дека изборот на заменици-министри ќе биде одложен до септември, образложувајќи дека Владата во моментов е фокусирана на реконструкцијата и на ребалансот на буџетот, додека августовските одмори на пратениците дополнително ќе го пролонгираат процесот.

Related posts

ЕУ одобри заем од 90 милијарди евра за Украина по обновување на протокот на нафта

admin

Мицкоски: Слободно користете албански јазик, но македонскиот е официјален во целата држава

admin

Комарците шират нова епидемија во Кина: Новиот вирус Чикунгунја веќе коси животи во 16 земји

admin

САД и Иран подготвуваат директни разговори, Израел изврши напади врз Техеран

admin

Ахмети од Арачиново му испрати порака на Мицкоски

admin

Таравари жестоко удри по Села: ‘Голем фајтер, но секогаш губи’

admin