19.6 C
Скопје
12 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Три луксузни стана на Груевски повторно на продажба – најскапиот почнува од 850.000 евра

Агенцијата за управување со одземен имот за 29 јули закажа нови лицитации за продажба на три стана конфискувани од поранешниот премиер Никола Груевски во судскиот предмет „Плацеви на Водно“.

Лицитациите ќе се одржат одделно во 9, 11 и 13 часот, а сите три недвижности се на иста адреса на Водно.

Најголемиот стан има површина од околу 200 квадратни метри, вториот 199, а третиот 155 квадратни метри. Секој од становите располага и со тераса поголема од 40 квадратни метри.

Почетната цена за најголемиот стан е 52,3 милиони денари, или околу 850.000 евра. Вториот е понуден за 52 милиони денари, додека почетната цена за најмалиот изнесува 46,7 милиони денари, или приближно 760.000 евра.

Ова е втор обид за продажба на недвижностите, откако првата лицитација, организирана пред околу една година, не заврши успешно.

Становите беа конфискувани со судска одлука во предметот „Плацеви на Водно“, кој се однесуваше на потеклото и прикривањето имот поврзан со Груевски.

Опозициската СДСМ оцени дека повторната продажба на становите не претставува целосна правда, обвинувајќи ја Владата дека не презема доволно чекори за екстрадиција на поранешниот премиер од Унгарија.

„Додека граѓаните се дават во долгови и се соочуваат со минимална плата од 400 евра, државата повторно се обидува да продаде дел од запленетиот имот на Никола Груевски“, соопшти партијата.

Груевски живее во Унгарија откако ја напушти земјата во 2018 година. Тој таму доби азил, додека македонските власти во повеќе наврати бараа негова екстрадиција.

Related posts

Судскиот совет пресече: Алији разрешен по корупциски сомнежи

admin

ЕУ ја награди Владата: Пари за реформи и дигитализација

admin

Турција гласа на клучни избори

admin

ЕЛЕКТРОНСКИТЕ СМЕТКИ ЗА ВОДА ВО РАЦЕТЕ НА ФИРМА БЕЗ ИСКУСТВО

ninja

Филипче: Не чувствувам вина за случајот „Онкологија“, нека одговара кој го прекршил законот

admin

Бесплатни карти за патување на младите низ ЕУ

admin