25.9 C
Скопје
22 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

По епидемијата во Гостивар, ВЛЕН ги обвини Ахмети и Таравари за долгогодишно лошо управување

Коалицијата ВЛЕН го поздрави, како што наведува, брзиот одговор на надлежните институции и почетокот на постапките за утврдување одговорност за состојбата со загадената вода во Гостивар.

Во партиското соопштение се наведува дека секој што со дејствување или пропуст придонел за случајот треба да одговара пред правосудните органи.

„Здравјето на илјадници граѓани на Гостивар беше загрозено како последица на негрижа и лошо управување, а тоа не смее да остане без одговорност, како што се случувало многупати во минатото. Очекуваме темелна, независна и сеопфатна истрага што целосно ќе го расветли случајот“, соопшти ВЛЕН.

Коалицијата истовремено го поздрави ангажманот на институциите на централно ниво, наведувајќи дека на погодените граѓани им се обезбедува здравствена грижа и снабдување со вода за пиење до целосно надминување на проблемот.

Во соопштението се оценува дека случајот е последица на, како што велат, долгогодишно лошо управување.

„Уште еднаш се потврдува дека долгогодишното лошо управување има цена што денес ја плаќаат граѓаните – Гостивар без вода за пиење, Зајас без канализација“, наведува ВЛЕН.

Коалицијата упати критики и кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, оценувајќи дека е „цинично“ повторно да бараат доверба од граѓаните додека, според ВЛЕН, последиците од нивното управување и понатаму влијаат врз секојдневниот живот и здравјето на населението.

Related posts

Судиите и Владата во спор околу финансиската независност на правосудството

admin

Трговците ја изигруваат кошничката за граѓаните, премиерот Мицкоски најави контроли во маркетите

admin

Вучиќ: Моќта што ја имаме ја нема никој – ниту Хрватите, ниту Бугарите

admin

Тајната на Крмзов: Дијаманти, кеш и врски со моќни политичари!

admin

Во Куманово ќе се потврдува поддршката за Таравари

admin

Дурмиши: Неуспехот на протестот покажа дека Тетово е тврда коска што не се голта

admin