18.8 C
Скопје
22 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Матурата положена со 3,66, но 226 тестови завршија во корпа

Матурантите во Северна Македонија постигнале подобри резултати по математика и јазиците на државната матура, додека тестовите на 226 ученици биле поништени поради утврдени нерегуларности, соопштија Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар.

Просечната оценка од трите типа матура во јунскиот испитен рок во учебната 2025/2026 година изнесува 3,66, по разгледувањето на приговорите на прелиминарните резултати.

Резултатот е речиси идентичен со минатогодишниот просек од 3,69, но надлежните посочија дека е забележано подобрување кај дел од предметите, а најголем напредок има кај математиката.

Министерката за образование Весна Јаневска рече дека е задоволна од постигнатите резултати.

Сепак, на 226 ученици им биле поништени тестовите, а тие ќе треба повторно да полагаат во август. Дел од нерегуларностите биле поврзани со користење мобилни телефони за време на испитите.

Резултатите од матурата доаѓаат во период кога образовниот систем се соочува со друг, подолгорочен предизвик – наглото намалување на бројот на ученици.

Според податоците презентирани од образовните власти, во септември се очекува во училиштата да се запишат најмалку 3.000 првачиња помалку.

Тоа значи дека зад релативно стабилниот успех на матурантите се отвора многу поголемо прашање за иднината на образовниот систем: Македонија има сè помалку деца што влегуваат во училишните клупи.

Related posts

По изборите ќе падне одлуката – Дали Уставниот суд ќе го поништи Законот за јазиците?

admin

Кина го запира извозот на гориво од своите рафинерии

admin

ЕУ разгледува забрзан пат за Украина за членство до 2027 година

admin

САД ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ДА ВОВЕДУВААТ САНКЦИИ НА БАЛКАНОТ

ninja

Зошто ескалираат внатрешните конфликти во СДСМ?

admin

Судски скандал во Гостивар: 100 евра за „бришење казна“, вработен фатен на дело

admin