2.8 C
Скопје
14 јануари, 2025
Inbox7.mk
СЦЕНА

(ФОТО) Таа нема срам: Камила на крунисувањето ќе и го зададе последниот удар на покојната Дијана

Кралицата сопруга Камила (75), жена на кралот Чарлс III, официјално ќе ја преземе оваа титула на 6 мај, кога нејзиниот сопруг доживотно ќе биде официјално крунисан во Вестминстерската опатија.
За деталите од оваа церемонија се уште се шпекулира, а познато е дека Камила најверојатно нема да носи круна со познатиот дијамант Кох-и-Нур поради почит кон Индија, од каде потекнува овој скапоцен камен.
Сега е откриено кој е задолжен за стајлинг на кралицата, а таа информација ги изненади Британците бидејќи се работи за Брус Олдфилд (72), дизајнер кој е најпознат по пријателството со – принцезата Дијана!

 

А врапчињата на гранката веќе ја знаат приказната дека Чарлс ја изневерувал Дајана со Камила од самиот почеток на нивниот брак и колку била несреќна покојната принцеза од Велс, па нејзините обожаватели се огорчени.
Сепак, за познавачите ова не е големо изненадување бидејќи денешната сопруга на Чарлс и Олдфилд соработуваат десет години и тој стои зад нејзините комбинации за најважните прилики. Покрај тоа, тие изградиле пријателски односи.

– Камила има многу блиско пријателство со Брус, кое трае долги години, па ова е природен и очигледен избор. Камила му верува на Брус бидејќи тој навистина се докажа кога се во прашање фустаните за настаните кои и беа најважни – изјавил за The Sun извор близок до Бакингемската палата.

 

This image has an empty alt attribute; its file name is lejdi-dijana.png
Брус Олдфид дизајнирал некои од најпознатите фустани на принцезата Дијана кога се зближиле во текот на 1980-тите. Еве зошто реакциите на британската јавност на оваа вест не се добри.

 

-‘Има нешто од Дијана што оваа жена не го сака?’, ‘Од илјадници луѓе кои работат во модната индустрија токму тој, нималку провидно’, ‘Нема срам’, Камила и го украде дизајнерот на Дијана и сепак секогаш изгледа катастрофално“, се некои од коментарите.

Related posts

Бебе Реџа: Не ми дозволија да се качам на авион кога слушна дека зборувам Албански

admin

“Не сум веќе Американец, сега сум Русин”

admin

“Летечка дискотека со туш”, нова понуда за супербогатите

admin

Рита Ора ќе настапи на Изборот на песна за Евровизија

ninja

Неверојатно: Авион на Wizz Air полн со патници слета на непозната локација

admin

61-годишна баба сака дете со нејзиниот 24-годишен сопруг

admin

Leave a Comment