11.8 C
Скопје
25 февруари, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Фридом хаус: Корупцијата и судската независност со најниска оценка

Северна Македонија забележала демократски напредок изминатата година, забележува најновиот извештај „Нации во транзиција“ на „Фридом хаус“  јавува Глас на Америка.

Државата добила оценка 3.86 за демократски прогрес, за разлика од 3.82 во претходниот извештај, на скала од 1 до 7, каде еден означува најниска оценка, а седум највисока оценка за демократски напредок.

Во категоријата национално демократско владеење државата добила оценка 3.50, за изборен процес 4.50, за граѓанско општество 4,75, за независни медиуми 3,50, за локално демократско управување 4.25, за судска рамка и независност 3,25, додека за корупција била оценета со 3.25.

Извештајот, кој го мери демократскиот напредок на државите во транзиција за период од една година, нотира дека во Северна Македонија, силна политичка поларизација и парламентарните блокади, го попречиле усвојувањето на законодавството на национално ниво, но оти прогресот на локалните власти во однос на транспарентноста, граѓанското учество и меѓуопштинската соработка, имал забележително позитивно влијание врз демократијата и исполнувањето на јавни услуги.

Забележано е и разочарување на Западен Балкан во однос на пристапувањето во Европската Унија.

„Граѓаните на Западен Балкан се чувствуваа напуштени од домашните елити кои се спротивставуваат на демократските реформи и од меѓународните елити кои немаат решеност да го следат процесот на пристапување“, пишува во извештајот.

Демократските институции на Западен Балкан продолжиле да слабеат во 2022 година, со скромни подобрувања во Северна Македонија, Албанија и во Косово.

Северна Македонија и Црна Гора доживеале акутна политичка дисфункција во текот на годината, забележува извештајот, но генералната оценка за нивниот демократски напредок е повисока.

Извештајот нагласува дека ЕУ мора да го преиспита својот пристап и повторно да се ангажира на искрен начин, но оти „ националните лидери имаат обврска да го испорачаат демократскиот напредок за кој толку многу нивни граѓаните копнеат“.

Александра Карп од „Фридом хаус“, за Српската редакција на Гласот на Америка, рече дека ЕУ не само што треба да го преиспита процесот на пристапување на Западен Балкан и на другите земји-кандидати, туку треба и да престане да дозволува демократско назадување меѓу водечките земји-членки.

На прашањето дали протестите кои се одржуваат во Белград може да доведат до поларизација во Србија, како и во Црна Гора и Северна Македонија, Карп рече:

„Не сакам да шпекулирам премногу за исходот од протестите и каков правец тоа би можело да ја одведе земјата. Но, мислам дека тие се забележителни и бројките се најзначајните што сме ги виделе во Белград во многу, многу години. И како што истакнувате, во Црна Гора и Северна Македонија, па дури и во Босна, гледаме, знаете, наизменична мобилизација на граѓанското општество, актери, политички партии, а исто така и граѓани на улиците. Не видовме дека тоа води до, да речеме, радикална промена на ситуацијата на статус кво, но секако е нешто на кое треба да се внимава и секако може да има ефект врз односите во општеството“.

Таа додаде дека ЕУ може да направи повеќе за да ги покаже придобивките од европскиот процес на граѓаните во сите земји-кандидати.

Related posts

Агелер: Од Софија слушнавме агресивен јазик без факти

admin

Германската економија продолжува да тоне

admin

И со гаранции, 60% од Македонците се против уставни измени, мнозинството Албанци се за

admin

БОРЕЛ – МОСКВА НЕ Е ПОДГОТВЕНА ЗА МИР ВО УКРАИНА

ninja

Мицевски: Уставни измени под диктат нема, власта нема двотретинско мнозинство

admin

ЕУ ЈА ИСПОРАЧА ВЕТЕНАТА ПОМОШ – 80 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ДОСТАПНИ ЗА ДРЖАВАТА

ninja