9.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ХРОНИКА

Со „Ауди“ превезувал дури 11 мигранти, фатен криумчарот од Богданци

На 09.05.2023 во 08.15 часот кај Железничката станица Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар Југ го лишиле од слобода А.Г.(39) од Богданци. При преглед во патничкото возило „ауди“, кое го управувал со регистарски таблички од друго возило, пронајдени се 11 лица мигранти од Сирија, од кои четири малолетници.

Имено, претходно, тој бил забележан на регионален пат Демир Капија-Неготино, кај с.Тремник, но не застанал со возилото на даден знак од полициски службеник и се обидел да побегне, но набргу фил фатен и лишен од слобода.

А.Г. бил задржан во полициска станица, возилото било одземено, а мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Related posts

Тројца загинати во колата што падна во реката Лепенец, реагира Пацоли

admin

Мафијашка престрелка во Батинци, еден загинат

admin

Сведок со потресно сведочење за двојната трагедија

admin

Трагедија кај Скопје: Загина познатиот баритон Ристе Велков и неговиот син

admin

Колку криминалци барани со потерница се шетаат низ земјата?

admin

Лекови, поткуп и перење пари: Што досега се знае за големата акција во Скопје, Тетово и Гевгелија

admin