11.8 C
Скопје
15 јуни, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО МАКЕДОНСКОТО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ?! ПАК СМЕ ДАЛЕКУ ОД НАЈДОБРИТЕ 1000 УНИВЕРЗИТЕТИ ВО СВЕТОТ

Ниту еден македонски универзитет и годинава не се најде меѓу најдобрите 1.000 високообразовни институции во најновата Шангајска листа, на која се дава пресек за најдобрите универзитети во светот, се вели во анализата на Дојче веле на македонски јазик,  пренесува Инбокс7.

Од универзитетите во регионот, Универзитетот во Белград се наоѓа од 301-400 место, Универзитетот во Нови Сад се најде помеѓу 901-1000 место, а Универзитетот во Загреб се е на 401-500 место на светската ранг листа. Меѓу најдобрите универзитети, нема ниту високообразовни институции од Бугарија и Албанија. Трите врвни позиции ги држат универзитети од САД. Универзитетот Харвард веќе две децении е на врвот на листата. Веднаш зад него е Универзитетот Стенфорд, а на третата позиција е Институтот за технологија Масачусетс (МИТ).

„Имајќи ја предвид целокупната ситуација во високото-образование во нашата држава, воопшто не ме зачудува фактот дека нашите универзитети се слабо или воопшто рангирани на последната Шангајска листа“, вели за ДВ, Веланд Рамадани, професор на Факултетот за бизнис и економија на Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово. Професорот Рамадани веќе неколку години е високо рангиран на листата на Универзитетот на Стенфорд, меѓу 2% највлијателни научници во светот,според бројот на цитирања на авторски објавени трудови.

Професорите сметаат дека за образованието малку се одвојува, нема критериуми за отворање на нови факултети, се „штанцаат“ дипломи и се унапредуваат кадри без да испопнуваат условиФотографија: DW/K. Ozimec

Вели дека имајќи предвид дека во државата издвојувањата од Бруто домашниот производ за наука се на незначително ниво од помалку 0,3 проценти, кога беспотребно се дисперзира високото образование и се отвораат универзитети, јавни и приватни, без соодветна анализа и критериуми, кога се примаат и унапредуваат кадри во повисоки звања без исполнување на минимум критериуми (кои се и така минимални во самиот Закон за образование), оваа состојба е очекувана.

„Сметам дека крајно време е државата посериозно да се фокусира во подигнување на квалитетот на високото образование преку зголемување на финансиската поддршка, строги контроли и анализи при одлучувањето за отворање на нови универзитети и факултети“ , вели професорот Рамадани и додава: „А, зошто да не и затворање на некои непотребни и неквалитетни образовни институции, и зацврстување на критериумите за именување и унапредување на кадрите во високото образование“.

Негрижата на државата за квалитетот на образованието генерално, невложувањето средства за ангажирање подмладок и техничка опременост на универзитетите, изминатите години вродија со драстично намалување на квалитетот на високото образование што се покажа и во рангирањето на македонските универзитети во светски рамки, смета професорката на Правниот факултет, Ана Павловска Данева.

Кон тоа, вели Данева за ДВ, придонесува и неовозможување услови за престој на странски истакнати визитинг професори, како и немотивираноста на професорскиот кадар да се надградува и да го вложи својот максимум пред се, заради мноштвото јавни и приватни универзитети кои прават нелојална конкуренција преку неселективното издавање дипломи и ниските плати.

Македонските универзитети неколку години наназад не само што ги нема на Шангајската листа, туку лани и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) забележа пад од 47 места во однос на 2021 година. Професорите сметаат дека ваквите поразителни резултати се сплет на повеќе околности, но главно забелешките се однесуваат на тоа дека во изминатите 30 години, државата и Министерството за образование не направиле доволно за подобрување на квалитетот, опременоста, компетитивноста на универзитетите, положбата, условите и стандардот на студентите, за финансирање на научната работа, ниту пак се води грижа за талентирани ученици и студенти.

„Приемни испити не постојат речиси на ниту едни студии, школарината и за најслабите ученици доколку сакаат да студираат е незначителна, ширењето на идејата преточена во државна политика дека секој граѓанин може и треба да има завршено високо образование, доведе до резултат секој да може да стане и студент, но и универзитетски професор. Дојде време да ги почувствуваме последиците од таквите политики“, вели Данева.

Related posts

Милошоски: Советник на Јанева може да ја урне репутацијата на Судскиот совет

admin

Само 17 пратеници “за”: Зошто пропадна обидот за амнестија?

admin

Сексуален скандал ја тресе Албанија, инволвиран член од партијата на Рама

admin

САД санкционираа над 50 олигарси и соработници на Путин, меѓу кои и портпаролот Песков

ninja

ТАРАВАРИ: СЕ ФИНАЛИЗИРА ДОГОВОРОТ ЗА ВЛЕЗ НА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ВО ВЛАДАТА

ninja

ЕЛЕКТРОНСКИТЕ СМЕТКИ ЗА ВОДА ВО РАЦЕТЕ НА ФИРМА БЕЗ ИСКУСТВО

ninja