12.8 C
Скопје
28 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Нова сезона за игри на националистичка карта

пред 13 ч.Ако сите продолжат да се трудат да покажат кој е најпроевропска опција, тогаш логички не треба да очекуваме балканска кампања, oценува аналитичарот Џелал Незири

Ако почнуваат тепачки во автобусите, инциденти на стадионите или никнуваат нови етнички споменици – сигурно е дека  се ближат избори.  Ваквата пракса која граѓаните одамна ја препознаваат и очекуваа еднаш засекогаш да замине во историјата, во некои сегменти пак се повторува. Знаме со Голема Албанија, изгравирана и на мермерна плоча и поставена пред меморијалниот комплекс во Сопот, Кумановско, од минатиот викенд ја бранува јавноста. А стана видлива по објавените снимки од одбележување на споменот на жртвите од 4-ти ноември 1944 година, денот кога таму биле убиени 64 Албанци.

Друга порака стигна од фудбалскиот натпревар меѓу „Шкупи“ и „Вардар“, каде на транспарент било напишано дека Албанците треба да го исполнат историскиот аманет – Скопје да биде срцето на Албанија.

Дали се загрева  предизборна кампања  во која ќе се репризира етнонационалистички натпревар по прашањето кој е најголем „патриот“ во неговиот етникум?

„Етнонационализмот е секогаш алатка за замаглување на јавноста и дефокусирање од клучните теми и проблеми“, вели аналитичарот Џелал Незири.

Сепак, во последните изборни циклуси не гледа заострување на националистичка реторика која може да продуцира судири врз меѓуетнички односи.

„Порано имавме тепачки во автобуси, агресивни навивачки групи или други сериозни инциденти кои сериозно влијаеја врз меѓуетничките односи. Истите завршуваа со објавувањето на изборните резултати. За среќа сега немаме такви појави. Но, етнонационализмот е сѐ уште присутен во јавниот дискурс заради фактот што истиот се продава кај значителен дел од гласачите. Омразата и стравот од ‘другиот’ се техники кои се користат за собирање гласови, не само кај нас. Овој дискурс ќе биде присутен и во овој предизборен период, но не со некој голем интензитет како порано“, oценува тој.

За Голема Европа

Одбележувањето во Сопот привлече внимание и поради присуството и обраќањето на  лидерот на ДУИ, Али Ахмети,  чии изјави различно, а во некои случаи и вон контекст беа пренесени и толкувани во јавноста. Но, прав кренаа и фотографиите во комплексот во Сопот од времето на конфликтот во 2001 година и од команданти на УЧК.

ДУИ уште на 19-иот партиски роденден во јуни 2021 година најави нова страница – дека ја прифаќа зелената агенда како дел од Европскиот зелен договор и ја додава на нејзините програмски столбови како еден приоритет. По исполнување на Рамковниот договор, а со тоа и на етничката агенда, тоа симболизираше збогување со етничките теми. Иконографијата од 2001 година сега отвори нови прашања.

Потпретседателот на ДУИ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, вели дека треба да се направи дистинкција меѓу фокусот кон минатото и фокусот кон иднината.

„Мислам дека е голема разлика кога зборувате за иднината и зборувате за минатото. За жал, ние во Република Северна Македонија слушаме закани во однос на иднината на државата и на меѓуетничките односи. Сите овие настани се во историски контекст, односно што било во минатото, и како еволуирале процесите до денеска. Пораката е таа. Мислам дека главната изјава на Ахмети беше дека нема веќе простор за големи држави и единствено голема држава за сите нас, независно од која етничка припадност, е тргање на границите, односно Голема Европа. За ДУИ апсолутно нема дилема во однос на европската иднина на Република Северна Македонија, во која сите граѓани ќе живеат во мир и во благосостојба“, изјави Османи за ТВ Канал 5.

Европски, а балкански

По прашањето за европската иднина – декларативно нема разлика во заложбите на најголемиот број парламентарни партии, но во пракса се случува парадокс – балканските манири да доминираат над европските. Според Незири, и  на наредните избори главни теми се очекува да бидат Европа и европеизацијата на земјата.

„Иако има пад на подршката, интеграцијата во ЕУ останува значаен процес за јавноста. Видете ги коалициите на партиите, било да се од позиција или опозиција, етнички Македонци или Албанци, во нивниот назив го содржат терминот „Европа“ или „европски“. Ако сите продолжат да се трудат да покажат кој е најпроевропска опција, тогаш логички не треба да очекуваме балканска кампања“, коментира тој.

Тогаш, што ги води политичките наративите надвор од  европскиот колосек?

„Партиите се прагматични, иако во одредени ситуации можат да изгледат емотивни. Нивната  главна цел е да победат на избори,  што е целосно легитимно. Тие се водат од анкетите и го следат расположението на гласачите. Не се обидуваат да ги информираат или едуцираат, туку што посилно да ги артикулираат нивните ставови за главните теми, кои неретко се засновани на лажни или непотврдени информации. Во период кога за неколку месеци ќе имаме двојни избори, веќе стана нормално е да се искористува секоја тема која носи лесни гласови. Ако на анкетите Бугарија се појавува како најнепријателска земја, тогаш партиите го зајакнуваат антибугарискиот наратив за да придобијат што повеќе поддршка од тоа расположение. Ова подразбира одбивање на францускиот предлог и силно  спротивставување на обврската за уставни измени  со цел етничките Бугари да станат дел од Уставот“, вели Незири.

Извор: ДВ

Related posts

МЕДВЕДЕВ: РУСИЈА ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ ДОКОЛКУ ЗАГУБИ ВО УКРАИНА

ninja

Касами: Груби се залага Груевски да го врати во Македонија!

admin

Казнети 30 превозници на ученици

admin

Арсовска: Пожарот на мостот „Беласица“ е од несовесни граѓани, не знаеме колку ќе биде затворен

admin

Милошоски: Советник на Јанева може да ја урне репутацијата на Судскиот совет

admin

Торбешите во Уставот, камен на сопнување

admin