23.8 C
Скопје
26 јули, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Шолц: Германија е соочена со „невидени проблеми“

Германскиот канцелар Олаф Шолц во својата владина изјава за буџетот денеска призна дека владата е соочена со финансиски проблеми. Тој не презентирташе решенија, но најави крај на кочницата за цените на енергијата.

 

Канцеларот Олаф Шолц призна дека пресудата на Уставниот суд, кој ја прогласи за ништовна прераспределбата на 60 милијарди евра од буџетот за 2021 година, ја отежнува работата на неговата коалиција. „Оваа пресуда создава нова реалност– за сојузната влада и за сите сегашни и идни влади, на сојузно и покраинско ниво. Реалност која го отежнува постигнувањето важни и широко прифатени цели за нашата земја“, рече канцеларот во денешната (28.11) владина изјава во Бундестагот. Германија се соочува со „предизвици кои нашата република веројатно никогаш досега не ги доживеала во ваква концентрација и сериозност“.

Разговорите за последиците од пресудата сѐ уште не се завршени, вели Шолц, но јасно е: „Да знаевме каква ќе биде сегашната одлука, зимата 2021 година ќе тргневме по други патишта – патишта што и судот ги посочи во својата пресуда“.

60-те милијарди евра беа одобрени како кредит за справување со последиците од корона-пандемијата, но потоа беа пренаменети за заштита на климата и модернизација на економијата. Тоа, според Уставниот суд, не смее да се прави. Уставните судии пресудија и дека државата не може да резервира итни заеми за подоцнежни години. Сојузната влада го направи тоа во случајот со неколку специјални фондови, вклучително и за сопирачките на цената на енергијата.

Канцеларот Шолц во денешната владина изјава најави и крај на кочниците на цената на струјата и гасот на почетокот на следната година. Тоа е можно затоа што низ Германија повторно се достапни тарифи за струја и гас кои се под горните граници на ценовните сопирачки, рече тој. Покрај тоа, резервоарите за складирање гас се „толку добро исполнети што не очекуваме ненадејни скокови на цените“. Ценовните сопирачки инаку требаше да важат до крајот на март.

Во исто време, Шолц на граѓаните им даде уверување дека и покрај буџетската криза, државата и натаму ќе пружа доверливи услуги. Тековните трошоци не се засегнати, рече политичарот од СПД. „Државата ќе продолжи да ги исполнува своите задачи.“ Тој рече дека ова е упатено и до граѓаните, кои се вознемирени од некои нереални предлози и целни лажни вести. „Одлуката на Сојузниот уставен суд не менува ништо во вашето секојдневие овде и денес – без разлика дали добивате детски додаток или студентски заем, пензија или станбен надомест“, уверува канцеларот.

Опозицискиот лидер Фридрих Мерц остро го нападна Олаф Шолц по неговиот говор и рече дека тој нема компетенции да биде канцелар. „Не можете“, рече Мерц обраќајќи му се на Шолц. Чевлите на поранешната канцеларка Меркел, според Мерц, се барем два броја преголеми за Шолц.

Канцеларот дава само технички одговори на високо политички одлуки, оцени Мерци, додавајќи: „Вие сте водоводџија на власта“. Тој исто така јасно стави до знаење дека неговата партија (ЦДУ) сака да се држи до кочницата за задолжување. „За да немате никакви илузии: Ќе се држиме до уставната кочница за задолжување“, рече лидерот на пратеничката група на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) во Бундестагот.

Мерц ја предупреди владејачката семафор-коалиција да не се обидува да забие клин во Унијата по прашањето на должничката сопирачка. „Одлуките се носат овде, во германскиот Бундестаг, а не во Градското собрание на Берлин“, рече Мерц, алудирајќи на изјавите на владејачкиот градоначалник на главниот град, Кај Вегнер (ЦДУ), кој ја критикуваше кочницата за задолжување во нејзината сегашна форма, исто како и други покраински шефови на влади од редовите на ЦДУ. /DW

Related posts

„АКО УКРАИНА ПРЕСТАНЕ ДА СЕ БОРИ ТОА ЌЕ БИДЕ НЕЈЗИНИОТ КРАЈ“

ninja

Две илјади работници досега сакаат работа преку Отворен Балкан

admin

Словенија распореди полиција на границите со Хрватска и Унгарија

admin

ЗАПАДЕН БАЛКАН ДОБРО СОРАБОТУВА НА ХАРТИЈА

ninja

Груби: Државата нема платено пенали на „Бехтел и Енка“

admin

Таен тендер за трет вид камери над сообраќајниците

admin