5.8 C
Скопје
19 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАНАУКА

Илон Маск: Вградивме безжичен чип во човечки мозок

Пациентот добро се опоравува по зафатот извршен во неделата, првичните резултати покажуваат ветувачки нервни импулси, напиша милијардерот во понеделникот на својата платформа Х, јавува Дојче веле. Чипот поставен во делот од мозокот кој ја контролира намерата за движење треба да овозможи управување на паметниот телефон со помош на мисли, со користење и на друга технологија.
пред 43 минут„Неуралинк“, фирмата за медицинска техника на техно-милијардерот Илон Маск, прв пат вгради мозочен имплант кај човек.Пациентот добро се опоравува по зафатот извршен во неделата, првичните резултати покажуваат ветувачки нервни импулси, напиша милијардерот во понеделникот на својата платформа Х. Чипот поставен во делот од мозокот кој ја контролира намерата за движење треба да овозможи управување на паметниот телефон со помош на мисли, со користење и на друга технологија.

„Неуралинк” во мај доби дозвола од Американската агенција за храна и лекови (ФДА) за вградување на рамниот и кружен имплант кај луѓе во рамки на клиничка студија со траење од шест години. Претходно технологијата била тестирана на мајмуни.

Чипот, кој го инсталира робот, има 1024 електроди, тој ќе снима и испраќа  мозочни сигнали  до апликацијата, со цел „да им овозможи на луѓето да го контролираат курсорот на компјутерот или тастатурата користејќи ги само своите мисли“, велат од „Неуралинк”.

За учество во клиничката студија „Неуралинк” одбра луѓе со парализа, кај кои се погодени нозете и рацете.

Многу детали за извршениот зафат не се соопштени. Се истакнува дека и по успешна операција може да трае со месеци додека пациентите да научат да го контролираат компјутерот со помош на своите мисли. Поврзувањето мозок-компјутер се истражува со години и некои луѓе веќе имаат вметнато  различни импланти. „Неуралинк“ има бројни конкуренти на ова поле чија интенција е својата технологија да ја користат во комерцијални цели.

 

Related posts

Додека плаќаа евтина струја никому ништо, сега бараат владина помош

ninja

Мицкоски: Ние не ветуваме празно, туку градиме

admin

КУРТИ ЗА РСЕ: ПРЕДУПРЕДЕНИ СМЕ ЗА МОЖНОСТА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА ПОДДРШКА

ninja

Се скрши Алијансата, се разделија патиштата на двоецот Села-Таравари

admin

Интерконекторот за спојување со гасоводот во Грција заглави во тендерот

admin

Таравари: ВЛЕН размислува да биде една партија по локалните избори

admin