8.8 C
Скопје
24 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Дали Груби ќе игра фудбал во кабинетот е работа што треба да ја знае Џафери како премиер

Пишува: Весна Колоска

Познатите сцени кога во кабинетот на Артан Груби дел од министрите играа фудбал на мали голчиња засега не доживееја реприза во време кога неговиот сопартиец, Талат Џафери е на чело на техничката влада. Прашан во емисијата Стадион на Канал 77, дали ќе го санкционира сопартиецот Груби, инаку десна рака на лидерот Али Ахмети, Џафери се огради дека за се’ што се случува, тој како премиер не може да знае. Ова е блед изговор, бидејќи според Законот за влада, претседателот не само што треба да знае, туку е и прв одговорен е за нејзината работа.

Фудбал, кошарка, торта, музика во кабинет

Техничкиот премиер Талат Џафери во неговото гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77 беше прашан дали ќе реагира и ќе го казни Артан Груби, доколку повторно го злоупотреби службениот простор. Во кабинет на Груби се славеше роденден со торта и музика на лидерот Али Ахмети. Иако е забрането со закон, во овие службени простории Ахмети и останатите пушеа. Цигара запали и Џафери. Во друга прилика Груби и министрите од ДУИ играа фудбал, а се виде по средбата со Алекс Сорос, синот на познатиот милијардер Џорџ Сорос, дека во канцелариите може да се игра и кошарка. Џафери одговорајќи, се обиде да ја тргне одговорноста од идните дела на Груби.

„Јас не можам да знам кој што прави во канцеларијата. Дали игра фудбал, дали игра кошарка или спие. Тоа си е работа, лична одговорност кон задачата, кон функцијата“, рече Џафери.

Канал 77: „Ама ако го видите на телевизија, на Фејсбук… ќе го казните?

„Во секој случај нема да остане… И јас згрешив (со пушењето н.з.), ќе си платам. Колку и да е, нека кажат, ќе ја платам. Мислам дека и на првата седница е укажано на министрите по однос на овие прашања во целина, не смее да се остави таква  перцепција“, објасни Талат Џафери во „Стадион“.

„Премиерот е одговорен за работата на Владата“

Во Законот за владата на Република Македонија во членот 11 е дефинирано: „Претседателот на Владата раководи со работата на Владата, одговорен е за нејзината работа и остварува соработка со другите органи, јавни претпријатија и установи“.

Од друга страна, членовите на владата пак, „се должни да постапуваат по овластувањата, насоките и ставовите на Владата“, со која раководи претседателот на истата таа влада.

Што значи, не е точно дека Џафери, како претседател, не може да знае што се случува по кабинетите. Тоа му е службена должност.

Во еден друг усвоен пропис, во усвоениот „Кодекс за етичко однесување за членовите на владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата“, на претседателот на владата му се даваат и попрецизни раководни овластувања.

А каде е Кодексот?

„Носителите на извршни функции се лично одговорни за своето однесување во согласност со Уставот, законите и овој кодекс, и тоа пред претседателот на Владата и пред Собранието“, пишува во документот.

Според тоа, не е точно дека премиерот, макар и технички, не може да знае, со други зборови, не мора да биде одговорен за однесувањето на членот на неговиот кабинет.

 

Related posts

Сексуален скандал ја тресе Албанија, инволвиран член од партијата на Рама

admin

Уапсен додека пешки се движел низ автопат во Турција: Кој е Лупчо Палевски?

admin

Олигарсите му го вртат грбот на Путин, Мелниченко го нарече “парија”

admin

Османи: Загрижува влошувањето на односите на Косово со меѓународната заедница

admin

ПУТИН ВЕЌЕ ГО ИСПЛАНИРАЛ БЕГСТВОТО ОД РУСИЈА?

ninja

ЛИДЕРИТЕ ОД ЕУ ГО ПОВИКАА ВУЧИЌ ДА ВОВЕДЕ САНКЦИИ ПРОТИВ РУСИЈА, ТОЈ ВЕЛИ ЌЕ ГО ПРАШАМ НАРОДОТ

ninja