30.8 C
Скопје
19 јули, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Таравари најбогат, Пендаровски најмалку транспарентен од претседателските номинации

За претстојните претседателски избори пријавени се 13 претседателски номинации, но тоа не значи дека сите ќе бидат кандидати. Потребни се 10 илјади потписи од граѓани или пак 30 пратеници во Собрание.

СКУП Македонија направи анализа на анкетните листови на оние потенцијални претседателски кандидати кои вршеле јавни функции а чии што анкетен лист е јавно објавен на страната на Државната комисија за спречување корупција.

Актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски пријавил имот кој вреди 37.143 евра. Тој поседува моторно возило Југо темпо, како и одредени средства на девизна штедна книшка и трансакциона сметка. Неговиот брачен другар поседува автомобил Рено Меган и средства на девизна сметка. Исто така, за три земјишта, како и за други два недвижни имоти кои не се точно дефинирани, не е наведена вредноста. Овој имот е пријавен како сопственост на неговиот брачен другар.

Најголемиот ривал на Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ како пратеник пријавила имот вреден 170 илјади евра. На нејзино има таа не поседува имот, но како заеднички имот со брачниот другар пријавени се средства на девизна сметка, девизна штедна книшка и денарска штедна книшка. Нејзиниот брачен другар од друга страна поседува куќа во Скопје и моторно возило Хонда Шатл.

За неа беше објавено дека додека била министерка во Владата, нејзиниот сопруг од државата купува куќа во центарот на Скопје, a подоцна и 10 дуќани.

Бујар Османи пак кој прв собра 10 илјади потписи има имот вреден 266.991 евра. Тој поседува куќа со двор од 400м2 во Скопје купена во 2012 година, автомобил Ауди А6 за кој во оваа имотна состојба не дал вредност на возилото, а во 2020 година исто така ова возило го поседувал и тоа го проценил на 5.853 евра. Воедно, платата на неговата сопруга изнесува 55.000 денари месечно, а во 2020 година била 53.426 денари. Пензијата на едниот родител во 2020 година била 17.000 денари, а последните информации покажуваат пензија од 15.000 денари, помала од таа од пред две години.

Кај дел од медиумите беше објавено за сопругата на Османи, Валбона Хаџи Османи која е вработена во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) како советник за меѓународна соработка, а каде директор е кадар на ДУИ

Лидерот на движењето ЗНАМ и градоначалник на Општина Куманово Максим Димитриевски пријавил имот „тежок“ 117.889 евра. Земјиште, паркинг простор, стан со помошни простории, автомобил Опел астра, удели, кредит, златен накит и средства во готово е имотот кој тој лично го поседува. Неговиот брачен другар има земјиште, удели и златен накит. Како заеднички имот пријавена е куќа со земјиште.

Тој беше обвинет за наводна злоупотреба на службената положба за купување на државно земјиште.

Арбен Таравари како градоначалник на општина Гостивар пријавил имот во вкупна вредност од 1.216.703 евра и спаѓа во редот на еден од најбогатите градоначалници генерално во државата. На негово име, пријавена е куќа, моторно возило Волво хц 60, денарски депозит како и земен кредит. Од имот на брачен другар пријавен е стан, моторно возило Цитроен Ц4 како и златен накит. Пријавени се и уметнички слики од македонски автори како заеднички имот. Околу половина од пријавениот имот е на име на неговите родители, а пријавено е градежно земјиште, двор, деловни простории и две куќи во Гостивар.

Некои медиуми пишуваа за тоа дека Таравари купил куќа во Карпош за само 576 евра за квадрат.

Стевчо Јакимовски од партијата ГРОМ пријавил имот вреден 343.920 евра. Поседува земјиште, животно осигурување, удели, побарувања по основ на даден заем, депозит, средства на трансакциона сметка и на штеден влог. Пријавена е камп приколка, но и накит каде не е наведено во чија сопственост се. Како имот на брачен другар пријавено е земјиште, куќа, коли БМВ и Фолксваген phaeton, удели, депозит, средства на трансакциона сметка како и кредит. Неговите родители поседуваат насад малина, а неговите деца две коли, БМВ и Јамаха, средства на штеден влог, но и санка за снег.

Одредени политички партии го обвинуваа Јакимовски за тоа дека неговиот син поседува три парцели во Бардовци а дека тие се оформени согласно изгласаниот ДУП кога градоначалник на Општина Карпош бил токму Стевче Јакимовски.

Тој беше осомничен и за повеќе финансиски малверзации за време на неговиот претходен мандат во општина Карпош. Едно од делата за кои беше осомничен е за легализацијата и продажбата на државно земјиште во населбата Карпош 3, кое е откупено од државата за 191.000 евра, а потоа експресно продадено за 600.000 евра.

За номинираната претседателка од редовите на Левица Билјана Ванковска, а која е редовен професор на Филозофскиот факултет при УКИМ не е достапен анкетниот лист, а истото важи и за Вело Марковски кој е независен кандидат. Марковски инаку е професор на Факултетот за медицински науки при УГД во Штип.

Ситуацијата е иста и кога станува збор и за Мерсиха Смаиловиќ која доаѓа од приватниот сектор, а во јавноста е позната како граѓанска активистка во борба за човековите права. Господин Попоски е градежен работник и се бави и со земјоделство, Ѓорѓи Манасков кој е ангажиран во бизнис заедницата, Зорица Цветковска која преку објави во функција на партијата Десна остро ги критикува особено ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и Томе Николоски кој е професор во пензија.

Извор: pep.scoop.mk 

Related posts

GOOGLE го стега ременот, нов бран на отпуштања

admin

Пукање во фабриката на Мерцедес, 2 убиени

admin

КОВАЧЕВСКИ ВЕТИ НОВА ЕНЕРГИЈА ПО РЕКОНСТРУКЦИЈАТА

ninja

Фон дер Лајен подготвена за соработка со десничарите

admin

Трета републиканска претседателска дебата, Трамп доминира

admin

Шолц се подготвува за ретка средба со Вучиќ, целта – финализирање на договорот за литиум

admin