7 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Шпионажа за Кина: 10 години затвор за екс-агент на ЦИА

Александер Јук Чинг Ма е осуден за предавање „голем обем“ доверливи информации за американската одбрана на кинеските шпиони во 2001 година. Тој подоцна работел и за ФБИ.

 

Судот на Хаваи го осуди поранешниот агент на ЦИА Александар Јук Чинг Ма на 10 години затвор за шпионажа во корист на Кина.

Тој беше уапсен во 2020 година, откако му призна на таен агент на ФБИ дека предава доверливи американски информации на Кина во замена за пари. Ма, натурализиран државјанин на САД, роден во Хонг Конг, работел за ЦИА од 1982 до 1989 година, по што ја продолжил кариерата во ФБИ. Дел од неговиот договор за признавање вина наведува дека тој мора да соработува со обвинителите „до крајот на својот живот, вклучувајќи и поднесување извештаи на американските владини агенции“.

Договорот за признавање вина бара тој да се подложи на полиграфски тест за време на тие интервјуа. На сослушувањето во средата, адвокатите на американската влада му рекоа на судот дека тој соработувал со властите и дека веќе учествувал во „повеќе интервјуа со владини агенти“.

Официјалните лица наведуваат дека Ма соработувал со роднина, кој исто така бил агент на ЦИА, за да пренесе тајни на разузнавачите вработени во Бирото за државна безбедност во Шангај. Еден состанок со кинеските разузнавачи во Хонг Конг бил снимен и на кој Ма брои 50.000 долари во готовина за тајните кои ги споделил со нив, соопштија федералните обвинители.

Додека живеел на Хаваи во 2004 година, Ма се вработил во канцеларијата на ФБИ во Хонолулу како лингвист. ФБИ, кој веќе знаел за неговите шпионски активности, го ангажирал Мао како дел од акцијата за да ги следи и истражи неговите активности и контакти.

Како што јавуваат агенциите, неименуваниот соработник бил неговиот брат, кој починал пред почетокот на кривичната постапка против него.

Во средата, судот на Хаваи го осуди Ма на 10 години затвор и пет години условна слобода, според договорот постигнат со обвинителите./DW

Related posts

„АКО УКРАИНА ПРЕСТАНЕ ДА СЕ БОРИ ТОА ЌЕ БИДЕ НЕЈЗИНИОТ КРАЈ“

ninja

Зошто Бранко Црвенковски се јави со нова иницијатива?

admin

Опожарената Пошта цела деценија чека пари за поправка

admin

Талат Џафери од 28 јануари ќе биде технички премиер

admin

Мицковски: Од државотворна СДСМ се претвори во измеќар на ДУИ

admin

Инцидент на скопскиот аеродром со косовската претседателка: Што всушност се случило?

admin