19.8 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Јанкуловска слободна, разузнавачите виновни

Гордана Јанкуловска „куртули“ од одговорост, тројца поранешни високи функционери во некогашната Управа за безбедност и контраразузнавање добија високи затворски казни, а на една вработена и беше изречена условна казна, јави Глас на Америка.

Тоа е епилогот од повторениот судски процес за предметот „Тврдина“ или незаконското уништување на опремата за прислушување која пак беше искористена во масовното нелегално прислушување на илјадници македонски граѓани во периодот до 2015 година.

За поранешната министерка за внатрешни работи судот реши дека се ослободува од обвинение.

„Од она што го чувме од судот е дека се прифатени наводите на одбраната дека Јанкуловска не постоела умисла или намера да се уништи опрема или да и е наштети на државата“, рече Влатко Илиевски, адвокат на Гордана Јанкуловска.

Екс-разузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои со години се во бегство, се прогласени за виновни за злоупотреба на службената положба и овластување и за фалсификување службена исправа. Првиот доби казна затвор од 14 и пол години, а вториот од речиси десет години.

Тони Јакимовски, шефот на кабинет на тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков, доби три години затвор, додека, според пресдудата, Валентина Симоновска, доби условна казна од две години затвор.

„Се задолжуваат Горан Грујовски, Тони јакимовски и Никола Бошковски солдарно да ја надоместат штетата нанесена на АНБ во износ од 87 422 660 денари во рок од 3 месеци по правосилност а пресудата“, наведе судијата Трпков.

Повторената пресуда за „Тврдина“ следи откако Апелација на крајот на 2022 година го врати целиот процес за „Таргет-Тврдина“ – и за прислушувањето и за уништувањето на опремата на повторно судење во прв степен. Пред да се произнесе Апелација, со месеци, судијата Енвер Беџети, кој од неодамна се најде на американската црна листа, предметот го чуваше во фиока. По усвојувањто на измените на кривичниот законик во 2023 година, дел од кривичните дела застареа од овој предмет, меѓу кои и оние за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

Related posts

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во жесток судир околу заплената на марихуана

admin

Сите 80 општини поднеле 900 апликации за инфраструктурни проекти – Мицкоски го нарекува тоа „историски момент“

admin

Бесими – Автопатиштата на Бехтел и Енка ќе донесат економски развој

ninja

Во Северна Македонија се одржуваат претседателски и парламентарни избори

admin

Третина од автошколите осомничени за картел при формирање на цените

admin

Попис за отпис на резултатите: Македонците со декларација

admin