27.8 C
Скопје
14 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Фетаи: Жал ми е што моите пријатели се „артанизираа“

Заменик-премиерот Арбен Фетаи изјави дека Алијансата за Албанците (АА) останува дел од коалицијата ВЛЕН и најави дека партијата ќе продолжи по, како што рече, „почиста и појасна патека од кога било досега“.

„АА останува цврсто вградена во ВЛЕН. Ќе продолжиме со битката за која добивме 107 илјади гласови“, рече Фетаи.

Ден претходно крилото на Арбен Таравари го разреши Фетаи од позицијата генерален секретар и го отстрани од АА заедно со останатите негови следбеници.

Во одговор на тврдењата на Таравари, кој рече дека „само осум членови на АА останале во ВЛЕН“, Фетаи саркастично одговори: „Очигледно имаат професор по математика со проблеми во броењето пратеници“.

Тој реагираше и на навредите кои беа упатени за време на состанокот на АА во Куманово, каде дел од членовите кои останаа во ВЛЕН беа наречени „гнили плодови“.

„Жал ми е за артанизацијата на моите пријатели кои зборуваат за куфери, поттикнувајќи го иселувањето на Албанците од државата. Сакам да му порачам нешто едноставно на мојот претседател Таравари: јас куферите ги зедов за да се вратам од Белгија, не за да заминам. Ќе останеме тука и ќе се бориме“, изјави Фетаи.

Тој додаде дека приближувањето на дел од АА кон ДУИ е причина за „артанизација“, термин што го користеше за да ја опише, како што рече, нервозата поради напуштањето на членови од сите партиски структури, вклучително и младинскиот и женскиот форум.

 

 

Related posts

Проект за вештачка интелигенција што им овозможува на луѓето „да се поврзат со мртвите“ ги загрижува експертите

admin

Еурактив: Албанија ја остава Северна Македонија зад себе – ЕУ преговорите тргнуваат без Скопје!

admin

Во Нови Сад почнува тридневна жалост

admin

Наталитетот паѓа, разводите во “тренд”

admin

Србија ги отфрла санкциите по посетата на Вучиќ на Москва; Коста започнува балканска турнеја

admin

Таравари се зближува со Ахмети: Дали му го свртува грбот на Мицкоски?

admin