Левица ќе кандидира партиски претставник за градоначалник на Скопје, изјави лидерот на партијата Димитар Апасиев во интервју за ТВ 24, додавајќи дека најголемиот политички притисок во претстојната изборна кампања го очекува од ВМРО-ДПМНЕ.
„На огласот за кандидати за градоначалници се пријавија 20 лица. Од утре почнуваме со разгледување на нивните апликации“, рече Апасиев.
Тој најави дека Левица ќе поднесе советнички листи во повеќе од 50 општини и се осврна на шпекулациите во јавноста за евентуални предвремени парламентарни избори напролет, иако не прецизираше дали тие имаат потврда за такво сценарио.
Апасиев предупреди дека изборната кампања ќе биде „валкана“ и дека, како што рече, најсилната негативна кампања против Левица ќе дојде од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

